Факти за коронавирусот, COVID-19

Што е коронавирус?

Тоа е големо семејство на вируси кои предизвикуваат болести кои можат да се манифестираат како обична настинка до потешки заболувања, како што се Синдром на респираторниот систем на Средниот Исток (анг. Middle East Respiratory Syndrome, MERS-CoV) и тежок акутен респираторен синдром (анг. Severe Acute Respiratory Syndrome, SARS-CоV). Коронавирусот (SARS-CоV-2) е нов сој на вирус кој претходно не бил идентификуван кај луѓето и затоа не постои вакцина или третман достапен за овој вирус.

SARS-CоV-2 не е ист како вирусот на грип; ако се разболите од грип, Вашиот лекар може да ви препише антивирусен лек кој може да ја намали сериозноста на вашата болест и да го скрати неговото времетраење. Во моментов не постојат ефективни антивирусни лекови за лекување на COVID-19, ниту пак постои вакцинa за да се спречи инфекцијата.

Најчести симптоми кои се пријавени кај заболените лица во нашата држава се: покачена температура (69,0%), малаксаност (40,5%), кашлица (40,6%), ослабен осет за мирис и/или вкус (26,4%), главоболка (22,0%), мускулна болка (17,8%), болка во грло (15,1%), треска (13,8%) и отежнато дишење (10,2%).1
Други придружни симптоми кои можат да се јавата се: болки во телото, назална конгестија, течење на носот, главоболка, ментална конфузија, дијареа, гадење, повраќање, губење на апетит, отечени очи, згрутчување на крвта, напади на грчење и тресење, оштетување на црниот дроб, оштетување на бубрезите, осип.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени кај нас, кај 19,7% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето.1

Од 2 до 14 дена.

Можно е луѓето да бидат заразни неколку дена пред да се појават првите симптоми.

Коронавирусот се шири главно од лице на лице по капков пат. Капките што се создаваат кога заразеното лице кашла или кива може да слетаат во устата или носот на луѓето што се во непосредна близина, или може да се вдишат во белите дробови.

Може да се шири и од контакт со заразени површини или предмети. На пример, едно лице може да добие COVID-19 со допирање на површина или предмет на кој го има вирусот и потоа со допирање на сопствената уста, нос или евентуално контакт со очите.

Коронавирусите се големо семејство на вируси кои се чести кај животните. Можни извори на СОVID-19  кај животни сè уште не се потврдени.

За да се заштитите, избегнувајте директен контакт со животни и површини кои имаат контакт со животни. Обезбедете добри практики за безбедност на храната во секое време. Ракувајте со сирово месо, млеко или животински органи со грижа за да избегнете загадување од неприготвена храна и да избегнете конзумирање на сирови и неприготвени животински производи.

Се чини дека ризикот од смрт со пандемична коронавирусна инфекција (најчесто се проценува на 3% до 4%) е помал отколку што беше за SARS (приближно 11%) и MERS (околу 35%), но може да биде поголем од ризикот од сезонски грип (што во просек е околу 0,1%).

Сепак, тестирањето е ограничено на почетокот на појавата на пандемијата, што може да резултира со помалку идентификувани случаи, со што се чини дека поголем процент на инфекции се фатални. Неодамнешните проценки на Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија покажуваат дека стапката на смртност од коронавирусот изнесува 2,9%.1 

Постарите луѓе и оние со основни медицински проблеми како хроничен бронхитис, емфизем, срцева слабост или дијабетес, имаат поголема веројатност да развијат сериозни заболувања.

Некои вируси, како обичната настинка и грипот, се шират повеќе кога времето е постудено. Но, сè уште е можно да се разболите од овие вируси и во текот на потоплите месеци. Моментално, не знаеме дали ширењето на СОVID-19 ќе се намали кога времето ќе се затопли.

Сè уште учиме за пренесување на новиот коронавирус. Не е јасно дали може да се шири од заразено лице преку храна што ја ракувале или подготвиле.

Во моментов не можеме да ја исклучиме можноста инфекцијата да се пренесе преку храна од заразено лице кое темелно не ги измило рацете. Во случај на топла храна, вирусот најверојатно ќе биде убиен со готвење. Ова не може да биде случај со несолена храна како салати или сендвичи.

  • Избегнувајте близок контакт со луѓе кои се болни.

  • Останете дома.

  • Избегнувајте допирање на очите, носот и устата.

  • Останете дома во изолација кога сте болни.

  • При кашлање и/или кивање, покријте ја устата со марамче, а потоа фрлете го во ѓубре.

  • Исчистете и дезинфицирајте ги честопати допрените предмети и површини со употреба на редовен спреј за домаќинство или избришете ги.

  • Мијте ги рацете често со сапун и вода.

Ако имате респираторни симптоми како кашлање или кивање, експертите препорачуваат да носите маска за да ги заштитите другите. Ова може да помогне да се задржат капките кои содржат каков било вид на вирус, вклучително и грип, и да се заштитат лицата кои се во непосредна околина.

Сè уште не знаеме точно колку долго коронавирусот може да преживее на површини како што се пластика, порцелан, гранит, челик или бакар. Во меѓувреме, експретите препорачуваат секојдневно чистење на често допрените површини и предмети секојдневно.

Референци:

  1. Институт за јавно здравје на Р

    епублика Северна Македонија, достапно на: . пристапено: 22 декември 2020 г.

Преземања

Водич за деца за новиот коронавирус

Откриј повеќе

Како се пренесува КОВИД-19 и како да се заштитите?7 начини како да го спречиме ширењето на корона вирусот

Повеќе приказни

Види ги сите приказни

Информациите на веб страницата имаат само информативен карактер и не можат да се сметаат како медицински совет.

КонтактВо светотlinkedinfacebooktwitterinstagramyoutubeCovid-19ЛековиКариераНовостиПерсонализирана здравствена заштитаИзјава за заштита на приватностаПравна изјава