Компанијата Рош е основана во Швајцарија, Германија и Италија во 1896 година како една од првите компании специјално формирани за производство на научно откриени фар мацевтски производи. Брзата меѓународна експанзија била резултат на смелиот и непопустлив основач на Рош, Фриц Хофман, трговец од Базел.
Оттогаш, Рош ги користи иновациите и новите технологии за да ја развие медицинската практика и да им помогне на пациентите да живеат подолг и подобар живот. Оваа цел никогаш не се променила, a Рош како компанија континуирано открива нови иновации за исполнување на оваа цел.
F. Hofmann-La Roche & Co е основана на 1 октомври 1896 година во Базел, Швајцарија. Нејзиниот основач, Фриц Хофман, ветил дека ќе се обиде да ја преобрази здравствената заштита откако со свои очи ги посведочил катастрофалните ефекти од избувнувањето на епидемијата на колера во Хамбург. Тој бил убеден дека лековите треба да се произведуваат индустриски и да се дистрибуираат на меѓународно ниво.
Рош се проширува ширум светот, вработувајќи повеќе од 700 лица. До 1912 година, компанијата веќе има отворено филијали на три континенти и во девет земји: Швајцарија, Јапонија, Франци ја, Русија, Италија, Германија, Англија и САД.
Сирупот за кашлица на Рош набрзо постигнува огромен успех. Пуштен во продажба во 1898 година, тој набрзо станува првиот бестселер на Рош, останувајќи на пазарот во наредните 60 години, со што ѝ го отвора патот на компанијата кон идните врвни медицински откритија.
Првата светска војна и Руската граѓанска војна ја втурнуваат компанијата во длабока финансиска криза. Рош станува друштво со ограничена сопственост за да опстои. Една година подоцна, Рош ја погодува смртта на својот основач, Фриц Хофман. Него го наследува Емил С. Барел, којшто по преземањето го зајакнува научниот фокус кон работењето.
Алис Келер, 30-годишна жена од Базел, е првата жена генерален директор на Рош. Во 1925 година, таа се качува на брод за Токио каде што Рош има своја подружница. Алис продолжува да напредува во компаниската хиерархија и по нејзиното враќање во Швајцарија во 1939 година, станува извршен директор – сензационално достигнување во тоа време.
Хилде Фалц се приклучува на фармаколошкиот институт на Рош, а со текот на времето станува и негов предводник. Токму тука таа воведува бројни иновации, од кои највпечатливо е стандардизираното тестирање нови лекови за тератогеност. Во 1940 година, Фалц станува првиот официјален лекар на Рош.
Тадеуш Рајхштајн, полско-швајцарски хемичар, по петгодишно истражување открива начин за синтеза на витаминот Ц. Со неговото откритие, на масовниот пазар се појавуваат некои од првите лекови произведени во стерилна средина, коишто покрај безбедноста имаат и прифатливи цени. Рош станува водечки снабдувач на витамини и со тоа го започнува еден од нивните најрани обиди во биотехнологијата.
Откако дизајнираат иновативна програма за онколошки скрининг, компанијата започнува патување коешто засекогаш ќе го промени текот на онколошките третмани. Револуционерното истражување на научникот од Рош, Роберт Душински (на сликата) и биохемичарот Чарлс Хајделберг дополнително го позиционираат Рош како лидер во онкологијата, а резултатите од нивните откритија ѝ даваат нов облик на битката против различни видови на малигни болести, вклучувајќи го ракот на дебелото црево, дојката и желудникот.
Првично започнат во 1920-тите години, малиот бизнис на Рош со дијагностички реагенси бил ставен во мирување кога компанијата решава да формира соодветно одделение за производство на дијагностички хемикалии и апарати во 1966 година. Во 1968 година, низа нови преземања му ја обезбедуваат многу потребната експертиза во областите како што се електрониката и инженерството.
Помеѓу 1968 и 1972 година, Рош ги проширува своите капацитети во независното истражување, така што отвора неколку истражувачки центри: Рош Институт за молекуларна биологија во Натли, Њу Џерси во 1968 година, Институт за имунологија во Базел во 1969 година и Нипон Истражувачки центар во Кумакара, Јапонија во 1972 година.
Во 1979 година, Рош продолжува да се шири. Рош Натли започнува соработка со Genentech, биотехнолошка компанија со седиште во Сан Франциско, за да помогне во процесот на производство на интерферон, којшто се користел при лекување на сериозни болести како што се хепатитис, мултипла склероза и малигни болести. Едновремено, дијагностичкото одделение продолжува да се шири.
Нилс Кај Јерн, првиот директор на Институтот за имунологија во Базел, е награден со Нобеловата награда за медицина во 1984 година за неговите значителни придонеси во имунологијата.
Сусуму Тонегава, истражувач во Институтот за имунологија во Базел од 1972 до 1981 година, се закитува со Нобеловата награда за медицина во 1987 година за неговата работа на генските сегменти на антителата. Неговите фундаментални откритија го отвораат патот за производство на хуманизирани антитела.
За да ја интензивираат својата посветеност на здравствената заштита, Рош воведува промени во стратегиите. Се откажува од два бизниса – мириси и вкусови во 1999 година и витамини и фини хемикалии во 2002 година – заради понатамошен развој и ставање фокус на нивните одделенија за фармација и дијагностика. Комбинирајќи ги силните страни и експертизата на двете одделенија, Рош му дава приоритет на иновативните решенија коишто го опфаќаат целото искуство во здравствената заштита. Компанијата започнува да игра сè поважна улога во обликувањето на иднината на персонализираната здравствена заштита.
Низа иновативни и пионерски лекови за третман на малигни болести се развиени во средината на 1990-тите години, револуционизирајќи го полето на онкологијата и давајќи им нова надеж на пациентите.
Во текот на 1990-тите години, одделението за дијагностика воведува низа револуционерни производи во различни области на медицинско тестирање. Меѓу нив е и првиот автоматизиран лабораториски уред за дијагностика во светот, инструмент со кој корисниците можат да прават неколку тестови паралелно – револуција во дијагностиката. Во 1997 година, Рош ја презема Boehringer Mannheim и станува светски лидер во in vitro дијагностиката, како и сериозен играч во лекувањето на дијабетесот.
Рош и Chugai ги здружуваат силите за да изградат фармацевтска компанија за истражување во Јапонија. Новото претпријатие – наречено Chugai Pharmaceutical Co., Ltd – настанува како резултат на спојувањето на Нипон Рош и Chugai. Негова специјалност се фармацевтски производи, а биотехнологијата една од нивните силни страни.
По купувањето на 60% од акциите на Genentech во 1990 година, Рош ги презема и преостанатите акции на Genentech во 2009 година, официјално спојувајќи ги двата фармацевтски гиганти. Нивните комбинирани портфолија ја прават најголема светска биот ехнолошка компанија којашто се фокусира на користење човечки генетски информации заради развој на лекови за пациенти со сериозни или живото-загрозувачки медицински состојби. Со спојувањето, Рош добива пристап и до нови лекови и научни истражувања, додека Genentech се стекнува со долгата историја на научна моќ на Рош, како и широка монетарна поддршка и партнерства на глобалниот пазар.
По три децении фокусирање претежно на лекови за малигни болести, Рош ги користи брзите достигнувања во молекуларната биологија за да го прошири своето портфолио и развива лекови за области и болести како што се невронаука, мултипла склероза, офталмологија и хематологија.
Соочени со постојаното зголемување на количината на податоци, новите начини на нивно структурирање и искористување, како и подемот на машинското учење и вештачката интелигенција, Рош се поврзува со специјалисти во оваа област. Во 2018 година, Рош ја презема Flatiron Health, лидер во клиничката обработка на податоци, како и Foundation Medicine, една од најголемите светски бази на податоци за геномот на ракот и специјалист за геномско профилирање. Овие преземања ѝ овозможуваат на Рош дополнително да ја разбере прецизната медицина, со што прави дополнителен исчекор кон целта за персонализирана здравствена заштита.
Рош ја презема Spark Therapeutics со седиште во Филаделфија, компанија основана за борба против генетските болести. Заедно, тие ќе вложат напори да го унапредат нивното разбирање за човечкиот геном и генетските абнормалности за да развијат приспособени револуционерни терапии за пациентите коишто страдаат од многу специфични генетски болести, така што ќе се фокусираат на основните причини за нивното настанување.
Глобалната пандемија на коронавирус во 2020 година е уште еден предизвик за Рош. Гарантирањето на безбедноста на вработените е најважно, но одржувањето на производството на неопходни лекови е од клучно значење за да се осигура дека пациентите добиваат лекови и решенија коишто спасуваат животи. Компанијата успева да развие сигурни тестови за COVID-19 со огромна брзина, продолжувајќи, при тоа, да развива нови иновативни лекови коишто таргетираат широк спектар на болести.
Информациите на веб страницата имаат само информативен карактер и не можат да се сметаат како медицински совет.