Во Рош, персонализираната здравствена заштита – позната и како PHC – е клучна област во фокус во којашто се комбинираат иновативната наука, податоците, аналитиката и технологијата за нови откритија и подобрување на животот на пациентите.
Секој човек е уникатен. Разбирањето на она што ги прави луѓето различни – генетиката, средината, животниот стил – е клучно за да се префрли фокусот на здравствената заштита од лекување на болестите на обезбедување најдобра заштита за секого во текот на животот. Токму ова е целта на персонализираната здравствена заштита.
Со користење на податоците, аналитиката и технологијата во процесот на истражување и развој и континуумот на заштита, се приближуваме до нашата цел за подобрување на животот и унапредување на здравјето со користење на помалку финансиски ресурси за луѓето и општеството.
Со цел да ја исполни целта за персонализирана здравствена заштита, Рош се фокусира на четири клучни аспекти на заштитата:
Рано откривање и точна дијагноза
Индивидуализирана нега
Пристап до оптимална грижа
Грижа и следење на далечина
Напредокот во науката, податоците, аналитиката, пресметките и дигиталната технологија ни овозможуваат да ги разбереме факторите кои влијаат на здравјето на секој човек со поголема јасност од кога било досега. Со ова знаење, можеме да ја подобриме заштитата во секоја фаза – од одржување на здравјето на луѓето, преку рано откривање и дијагностицирање на болеста, обезбедување на вистинските лекови во вистинско време, до следење на напредокот на болеста и исходот од третманот во реално време. Збогатувањето на целосното искуство на заштита ќе ги трансформира исходите за пациентите и ќе им овозможи на здравствените системи да ги користат ресурсите поефикасно и поефективно.
Информациите на веб страницата имаат само информативен карактер и не можат да се сметаат како медицински совет.