Во Рош заштитата на приватноста на посетителите на нашата интернет-страница е многу битна, а ова особено се однесува на информациите за Вашето здравје. Поради тоа ги преземавме сите неопходни мерки, за да ги испочитуваме светските стандарди во областа на заштитата на приватноста. Со Вашите податоци се однесуваме во согласност со
Интернет-страницата на Рош на која се наоѓа линк за заштита на приватноста, а на која се бара од Вас одредена информација, се наменети за собирање, одржување и чување на Вашите лични податоци во согласност со овој Правилник за заштита на приватноста, како и со другите важечки закони, правилници и регулативи. Овој Правилник се однесува на личните информации (дефинирани подолу), собрани од страна на Рош по пат на електронска комуникација (интернет-страница, електронска пошта и слично), до кои стои линк за овој Правилник. Овој Правилник не се однесува на личните информации добиени по пат на комуникација која не се одвива по електронски пат, освен во случај кога тие податоци се консолидираат со податоците кои Рош ги добил по пат на електронска комуникација. Овој Правилник не се однесува на оние податоци кои ги собира трета страна, која со линк е поврзана со интернет-страницата на Рош, a чија содржина и правила Рош не ги контролира.
Ние ги собираме само оние лични податоци врз основа на кои би можеле да бидете идентификувани, кои Вие ќе одлучите да ни ги дадете. Овие податоци нема да бидат дадени на увид на трета страна, освен во случај Вие да ни дадете експлицитна дозвола за тоа. Ве молиме внимателно да прочитате за начинот на заштита на Вашата приватност, за да дознаете повеќе за начинот на кој ги собираме, користиме и штитиме информациите добиени по пат на електронска комуникација.
Информации кои се собираат
Ваш избор
Безбедност
Користење на податоците
Споделување на информаци и трансфер
Линкови кон други интернет-страници
Заштита на приватноста кај деца
Дополнителни информации на интернет-страницата
Напомена за корисниците на деловните и професионалните интернет-страници
Дополна на изјавата Правилникот за заштита на приватноста
Како да стапите во контакт со Рош ?
Постојат две метода со чија помош Рош ги собира податоците по електронски пат:
Информации кои ги добиваме:
Лични информации: нашата интернет-страница можете да ја посетите без да оставите никакви лични информации. Ние можеме да ги добиеме информациите врз чија основа можеме да Ве идентификуваме (како на пр. име, адреса, телефонски број, адреса на електронска пошта и др.) само кога Вие ќе одлучите да ни ги дадете истите;
Збирни информации: во одредени случаи, од податоците кои ќе ни ги дадете се отстранува можноста за идентификација и информацијата се обработува заедно со информациите добиени од другите корисници. Овие податоци потоа може да се комбинираат со други податоци, за да се добијат анонимни, збирни статистички информации (на пр. број на посетители, име на доменот на интернет-провајдерот), кои ни помагаат во унапредување на нашите производи и услуги.
Информации кои се собираат автоматски:
Одредени информации се добиваат автоматски секој пат кога ќе стапите во контакт со нас на интернет-страницата или по пат на електронската пошта која ја разменуваме. Технологиите кои се користат за автоматско собирање на информации може да бидат, на пример: дневници на веб-серверот (регистри) / IP-адреси, „колачиња“ и web beacons.
Дневници на веб-серверот/IP-адреси: IP-адресата е број кој му се доделува на Вашиот компјутер секогаш кога ќе пристапите на интернет. Целокупната идентификација на интернет се одвива преку IP-адресите, кои овозможуваат компјутерите и серверите да се препознаваат и да комуницираат меѓусебно. Рош ги прибира податоците за IP-адресите, заради известување на своите претставништва, деловни партнери и/или добавувачи за перформансите на интернет-страницата или поради подготовка на дополнителни анализи поврзани со работата на интернет-страницата.
„Колачиња“: „колаче“ е дел од информација која автоматски се поставува на тврдиот диск на компјутерот кога пристапувате на одредена интернет-страница. На тој начин серверот го идентификува Вашиот интернет-пребарувач. „Колачињата“ ни овозможуваат на серверот да чуваме информации кои ни овозможуваат да Ви го олесниме пристапот до интернет-страницата, како и да вршиме анализа на страницата. Најголем дел од интернет-пребарувачите е приспособен така да ги прифаќа „колачињата“, иако постои можност да го приспособите Вашиот пребарувач да ги одбива „колачињата“ или да Ве извести секој пат кога е пратено „колаче“. Имајте предвид дека е можно одредени делови од нашата интернет-страница да не функционираат ако Вашиот пребарувач ги одбие „колачињата“.
Web beacons: на одредени интернет-страници или адреси на електронска пошта, Рош може да ја користи вообичаената интернет-технологија наречена „web beacon“ (понекогаш се нарекува и „action tag“ или „clear GIF technology“. Web beacon-ите помагаат во анализата на ефикасноста на интернет-страницата, како на пример: бројот на посетители на интернет-страницата или колку пати одреден посетител ги посетил клучните страници на интернет-страницата.
Web beacon-ите, „колачињата“ и другите технологии кои се користат за следење на интернет-сообраќајот не генерираат автоматски лични податоци врз чија основа може да бидете идентификувани. Само ако доброволно дадете одредени податоци преку кои би можеле да Ве идентификуваме, на пр. да се регистрирате, или да ни пратите електронска пошта, овие технологии може да се искористат да ни дадат информации за Вас и Вашиот начин на користење на интернет-страниците и/или интерактивните e-mail-ови, сè со цел да Ви овозможиме поедноставно користење на истите.
Ваш избор: нашата интернет-страница можете да ја користите на неколку начини. Можете да одберете да не оставите никакви лични информации, на тој начин што нема да ги внесете во полињата од формуларите кои се поставени на нашата страница и нема да ги користите расположливите персонализирани сервиси коишто ги нудиме.
Доколку одлучите да оставите лични податоци, имате право на увид и корекција на истите во кое било време преку пристапување на апликацијата. Некои страници може да бараат од Вас дозвола за употреба на Вашите податоци. Вие одлучувате дали ќе дозволите или ќе го одбиете тоа барање. Доколку одлучите да користите одреден сервис или начин на комуникација, како на пр. e-newsletter, ќе можете да ја откажете услугата во кое било време, следејќи ги упатствата кои се приложени во секоја комуникација со Вас. Доколку одлучите да се откажете од одредена услуга или начин на комуникација, ние ќе се обидеме во најкус можен рок, иако е можно да ни бидат потребни дополнителни информации пред да може да го процесираме Вашето барање.
Како што е погоре опишано, ако сакате да ја спречите можноста да бидете идентификувани преку „колачињата“ додека сте на нашите интернет-страници, можете да го приспособите Вашиот пребарувач да ги одбива „колачињата“ или да Ве извести секој пат кога ќе биде пратено „колаче“.
Рош користи технологија и сигурносни мерки за претпазливост, правила и останати процедури, за да ги заштити Вашите лични податоци од неовластен пристап, неправилна употреба, откривање, губење или уништување. За да осигураме доверливост на Вашите податоци, ние во Рош употребуваме индустриски стандарди кога се во прашање заштитни механизми на оперативниот систем и заштита на лозинката. Сепак, Ваша е одговорноста да го заштитите компјутерот кој го користите од малициозни софтвери како што се „тројанци“, „компјутерски вируси“ и „црви“. Би требало да сте свесни дека без адекватни сигурносни мерки (на пр. конфигурација за безбедност на интернет-пребарувачите, антивирусни програми кои континуирано се обновуваат, firewall-ови, користење на софтвер добиен од сомнителни извори) постои ризик податоците и лозинките кои се користат за да се обезбеди заштита на Вашите лични податоци, да можат да бидат откриени на неовластена трета страна.
Рош, вклучувајќи ги и филијалите, дивизиите и групите кои се во рамки на компанијата на светско ниво и/или компаниите кои ги ангажираме да ни дадат одредени услуги, ќе ги користат оние лични податоци кои ќе одберете да ни ги дадете, сè со цел исполнување на Вашите барање. Ние ја задржуваме контролата и одговорноста за користење на овие информации. Некои од податоците кои ги добиваме може да се чуваат и обработуваат на компјутери лоцирани на подрачја каде важат поинакви правни регулативи, како на пример САД, каде што законите за заштита на податоци се поинакви во однос на подрачјето на кое Вие живеете. Во овој случај ќе се погрижиме заштитата на Вашите податоците да биде адекватна на легислативата која е на сила во земјата во која Вие живеете.
Информациите кои се користат заради различни процедури поврзани со управување со човечките ресурси (Performance Management, Succesion decisions или Development actions) ќе ни бидат од корист за подобро да ги разбереме Вашите потреби и начинот на коj може да ги унапредиме нашите производи и услуги. Секако ни е од корист да може одредена комуникација со Вас да ја персонализираме во врска со одредени услуги и промоции за кои сметаме дека можат да бидат интересни за Вас. На пример, можеме да направиме анализа за полот и возраста на посетителите на нашите страници посветени на одредено заболување или лек, за потоа тие податоци, заедно со другите податоци, да ги искористиме за интерна анализа или да ги споделиме со други.
Рош ги споделува Вашите лични податоци, преку кои би можеле да бидете идентификувани, со различни надворешни компании или агенти кои се ангажирани во извршување на деловни трансакции, како што се обезбедување на сервис за корисниците, праќање на маркетинг комуникација за нашите производи, услуги и понуди или технолошко одржување. Можно е и овие податоци да се споделат со нашите филијали и подружници. Сите овие компании и агенти, во вакви случаи, имаат обврска да се придржуваат до нашата политика за заштита на приватноста.
Личните податоци со кои би можеле да Ве идентификуваат може да бидат откриени во следниве случаи:
кога е потребно за корпоративни контроли кои се со цел да испитаат или да одговорат на закана поврзана со безбедноста и усогласеноста на процедурите со важечката правна регулатива;
забрана за употреба со цел за директен маркетинг од страна на трети лица. Ние нема да ги продаваме или да вршиме трансфер на личните информации преку кои би можеле да Ве идентификуваат, кои Вие ни ги давате на нашата интернет-страница, на трети лица за да ги употребуваат за директен маркетинг, доколку не добиеме од Вас експлицитно одобрение да можеме Вашите податоци да ги користиме на овој начин;
праќање на информација на колега по пат на електронска пошта.
На некои Рош -страници имате можност да пратите линк или порака на пријателите и колегите со кои ги упатувате да ја посетат Рош интернет-страницата. Адресата на електронската пошта на Вашиот пријател која ќе ни ја оставите ќе се користи за да му пратиме на Вашиот пријател информации во Ваше име. Оваа адреса нема да ја меморираме и нема да биде употребувана од Рош или трета страна за други цели.
На нашите интернет-страници се наоѓаат линкови кон други интернет-страници од кои може да добиете многу корисни информации. Оваа изјава за заштита на приватноста не се однесува на тие интернет-страници и препорачуваме, за подетални информации во врска со заштитата на лични податоци која се применува на нивните интернет-страници, да контактирате директно со нив.
Нашите интернет-страници се наменети за возрасната популација. Ние не собираме лични информации, преку кои лицето би можело да биде идентификувано, од лица за кои имаме информација дека се помлади од 13 години, без претходно верифицирана согласност од правен застапник. Именуваниот правен застапник има право, на барање, да ги прегледа информациите кои детето ги доставило и/или да побара истите да бидат избришани.
Доколку интернет-страницата има посебни мерки кои се однесуваат на заштита на личните податоци, а кои се разликуваат од овденаведените, тие мерки ќе бидат прикажани на истата страница на која се собираат личните информации преку кои лицето би можело да биде идентификувано.
Ако сте во деловни или професионални односи со Рош , можно е да ги искористиме податоците кои сте ги оставиле на нашите интернет-страници, вклучително и страниците кои им се наменети само на деловните и професионалните корисници, за да ги исполниме вашите барања и да ја развиеме деловната соработка со Вас и со фирмите кои ги претставувате. Исто така може да ги споделиме овие информации со трета странка, која е ангажирана од страна на Рош , за да врши одредени активности во наше име.
Повремено, Рош може да го ревидира овој Правилник за заштита на приватноста. Сите промени веднаш ќе бидат објавени на оваа страница. Користењето на нашата страница по добивањето на известување за промени во Правилникот за заштита на приватноста, ќе претпоставува Ваша согласност за да можеме да ги користиме нововнесените информации во согласност со променетиот Правилник за заштита на приватноста.
Како да стапите во контакт со Рош Македонија ДООЕЛ Скопје?
За сите прашања, Ве молиме да нè контактирате по пошта на следната адреса:
Информациите на веб страницата имаат само информативен карактер и не можат да се сметаат како медицински совет.