Секоја година, околу 3-11% од американското население се разболува од грип, кое може да биде многу сериозно, бидејќи предизвикува хоспитализација па дури и смрт.2.3 Од 2010 година, Центрите за контрола и спречување на болести во САД проценуваат дека грипот предизвикал: 4,5
9,2 до 35,6 милиони случаи на болест*
140.000 до 900.000 хоспитализации†
12.000 до 80.000 смртни случаи†
Се појавува одеднаш
Симптомите на грип започнуваат нагло и се сериозни, додека симптомите на настинка се појавуваат постепено.6 Вообичаени симптоми на грип вклучуваат треска, зголемена температура, кашлица, болки во грлото, болки во мускулите или телото, течење на носот, главоболки и замор.6
Лековите без рецепт можат привремено да ги намалат симптомите на грип, но антивирусните лекови го напаѓаат грипот директно, стопирајќи го вирусот да се шири низ организмот со цел побрзо закрепнување.6,7
Брзо се шири
Грипот е многу заразен и се пренесува кога некој кашла, кива или разговара.3 Може да живее на некои површини до 48 часа и може да се шири ако некој ја допре површината и потоа ја допре устата или носот.8
Повеќето здрави возрасни лица можат да го шират грипот еден ден пред да се развијат првите симптоми и до 6-7 дена по разболување.
Може да се спречи и лекува
Се препорачува сите лица на возраст од шест месеци и постари да се вакцинираат секоја година. Разговарајте со вашиот лекар за да одлучите што е најдобро за вас.9
Рутински чистете ги површини, изолирајте ги болните лица, покријте ја устата кога кашлате или кивате и често мијте ги рацете.3
Антивирусните лекови помагаат да се намали времетраењето на симптомите на грип и се најефикасни доколку се земаат во рок од 48 часа од почетокот на симптомите.6
Доколку имате ненадејни симптоми на грип, побарајте го вашиот лекар во рок од 48 часа за да се информирате за опциите за третман.
*Centers for Disease Control and Prevention statistics from 2010-2016 influenza seasons
†Centers for Disease Control and Prevention statistics from 2010-2017/18 influenza seasons
Референци:
Centers for Disease Control and Prevention (јули 2016 година). The Flu Season. достапно на: https://www.cdc.gov/flu/about/season/flu-season.htm. пристапено: јули 2018 година.
Tokars JI, Olsen SJ, Reed C. Seasonal incidence of symptomatic influenza in the United States. Clin Infect Dis. 2018;66: 1611-8.
Centers for Disease Control and Prevention. (октомври 2017 година). Key Facts About Influenza (Flu). достапно на: https://www.cdc.gov/flu/keyfacts.htm.пристапено: јули 2018 година.
Rolfes MA et al. Annual estimates of the burden of seasonal influenza in the United States: A tool for strengthening influenza surveillance and preparedness. Influenza Other Respi Viruses; 2018;12:132–137.
National Foundation for Infectious Diseases. Influenza and pneumococcal disease can be serious, health officials urge vaccination. достапно на: http://www.nfid.org/newsroom/news-conferences/2018-nfid-influenza-pneumococcal-news-conference/press-release.pdf. пристапено: октомври 2018 година.
Cleveland Clinic (октомври 2016 година). Is It a Cold or the Flu? Know Your F.A.C.T.S. (Infographic). достапно на: https://health.clevelandclinic.org/is-it-a-cold-or-the-flu-know-your-f-a-c-t-s-infographic/. пристапено: август 2018 година.
Centers for Disease Control and Prevention (2017). Treating Influenza (Flu). достапно на: https://www.cdc.gov/flu/pdf/freeresources/updated/treating-influenza-2017.pdf. пристапено: август 2018 година.
Centers for Disease Control and Prevention. (2018). Cleaning to Prevent the Flu. достапно на: https://www.cdc.gov/immigrantrefugeehealth/pdf/seasonal-flu/contamination_cleaning_english_608.pdf. пристапено: јули 2018 година.
Centers for Disease Control and Prevention. (2018). Get Vaccinated. достапно на: https://www.cdc.gov/flu/consumer/vaccinations.htm. пристапено: август 2018 година.
Информациите на веб страницата имаат само информативен карактер и не можат да се сметаат како медицински совет.