Повеќето луѓе со МС при поставување на дијагнозата имаат релапсно-ремитентна (РРМС) или примарно прогресивна форма на МС (ППМС).
Истражете ги сличностите и разликите помеѓу овие две форми на МС.
Кај секоја форма на МС, имунолошкиот систем ги напаѓа нервните клетки во ЦНС, што може да предизвика симптоми и инвалидитет.
И РРМС и ППМС се карактеризираат со влошување на знаците или симптомите во одреден момент во текот на болеста.
Симптомите се слични кај сите форми на МС, но се разликуваат за секоја личност, без разлика на формата.
Повеќето л уѓе со РРМС и ППМС доживуваат зголемување на физичкиот инвалидитет во одреден момент од животот.
И мажите и кај жените можат да се дијагностицираат со РРМС и ППМС.
Активноста на болеста може да биде видлива преку појава на нови или влошување н а постоечките знаци или симптоми или преку откривање на мозочни лезии (воспалени или оштетени делови во централниот нервен систем) кои се откриваат со помош на специјална опрема како магнетна резонанца (анг. MRI, magnetic resonance imaging).10
Важна цел при третман на РРМС и ППМС е да се успори прогресијата на инвалидитетот колку што е можно порано.
Повлечете го лизгачот налево или надесно за да ги истражите разликите кај овие форми на МС.