МS MindSet истражување

Разоткривање на непредвидливоста на мултипла склероза(МС) е хронично заболување на централниот нервен систем каде имуниот систем ја напаѓа обвивката на нервните клетки (миелин) во мозокот, ‘рбетниот мозок и очниот нерв, предизвикувајќи воспаление кое води до траен инвалидитет.

Најчестата форма на МС, релапсна МС, се дијагностицира кај лица на 20-40 годишна возраст и се манифестира на различен начин кај различни лица. Симптомите на МС може да се јават во било кое време; независно дали се периодични релапси, кога симптомите се влошуваат, или пак хронични проблеми како потешкотии со одење, замор, пореметување на мочниот меур и видот.1,2

За да дознае повеќе за искуствата на лицата со МС како и секојдневните соочувања на нивните партнери кои ги подржуваат, Рош спроведе едно од најголемите меѓународни истражувања од ваков вид. Истражувањето „МS MindSet” собра податоци од 3.478 учесници со цел да ги идентификува најчестите бариери кои ги спречуваат лицата со МС да имаат чувство за контрола на сопствениот живот и влијанието на непредвидливоста на болеста врз секојдневниот живот.

Непредвидливоста може значително да влијае врз начинот на размислување и секојдневниот живот на лицата со МС како и нивните партнери, особено кога треба да се извршат општествени обврски. Ова истражување покажа дека:

Лицата со МС
Партнерите на лица со МС

Симптомите на МС и влошувањата често се јавуваат неочекувано и предизвикуваат потешкотии во извршување на секојдневните задачи како за лицата со мултипла склероза така и за нивните партнери. Ова истражување покажа дека:

Лицата со МС
Партнерите на лица со МС
Дневни активности за кои лицата со МС најмногу би сакале да имаат помош вклучуваат:

Истрaжувањето „MS MindSet“ било спроведено од страна на KRC Research како онлајн истражување кое влучило 1.727 лица со МС и 1.751 партнер на лица со МС. Истражувањето се спроведувало од 8 до 25 јули 2016 година во САД; и од 26 јануари до 16 февруари 2017 година во Канада, Франција, Германија, Италија, Шпанија и Велика Британија.

Податоците не се публикувани. Сите права се задржани.

Преземања

Превземете ги резултатите од истражувањето

Откриј повеќе

Информациите на веб страницата имаат само информативен карактер и не можат да се сметаат како медицински совет.

КонтактВо светотlinkedinfacebooktwitterinstagramyoutubeCovid-19ЛековиКариераНовостиПерсонализирана здравствена заштитаИзјава за заштита на приватностаПравна изјава