Постојат повеќе од 60 различни подтипови на НХЛ,2 кои можат да се поделат на индолентни (спорорастечки) и агресивни (брзорастечки), во зависност од брзината на напредување на болеста.3 Двата најчести типа на НХЛ, фоликуларен лимфом (ФЛ) и дифузен Б-големоклеточен лимфом (ДБГЛ), се разликуваат според тоа како, кога и каде се развиваат, како и според начинот на лекување.