Напредок кај малигните болести: Од диносауруси до дијагностика

Малигната болест не е единствена болест. Таа е сложена состојба и досега се идентификувани повеќе од 250 видови.

И диносаурусите имале малигни болести

Неодамна биле откриени тумори во коските на диносаурусите од пред околу 70 милиони години, иако првиот опис за малигна болест се појавил малку подоцна во 3000 година п.н.е во Антички Египет. Во пишувањето било забележано: „Нема третман".

Научниците порано сметаа дека малигната болест е заразна

Во Холандија во 1649 година, Закут Луситани предложил пациентите со малигна болест да бидат изолирани од страв да не се прошири болеста. Денес познато е дека малигните болести кај луѓето не се заразни, иако хронична инфекција со одредени вируси, бактерии и паразити може да го зголеми ризикот од развој на малигна болест.

Хируршката интервенција за третман на малигна болест е воведена во 18. век

Порано хируршките процедури биле извршувани без анестетик и можеле да предизвикаат сериозно обезличување. Денес, пациентите со многу малигни болести можат да се лекуваат со минимално инвазивна лапароскопска хирургија каде што туморите се отстрануваат преку мали засеци.

Дали знаете кој главен третман за малигни болести е откриен за време на Првата Светска војна?

Модерната хемотерапија потекнува од бојните полиња на Првата Светска војна. Научниците истражувајќи зошто војниците изложени на боев гас (иперит) умреле, откриле низок број на имуни клетки во нивната крв и претпоставиле дека ако гасот може да ги уништи нормалните бели крвни клетки, може да ги уништи и малигните бели крвни клетки. Понатамошните експерименти докажаа дека нивната теорија е точна и ова беше почеток на употребата на хемотерапијата.

Денешните хемотерапии можат да го подобрат преживувањето, драматично да го подобрат квалитетот на животот, па дури и да излекуваат некои видови на малигна болест.

Раното откривање на малигната болест може драматично да ја зголеми шансата на пациентот да преживее

На пример, 99% од сите случаи на карцином на грлото на матката се предизвикани од хуман папилома вирус (ХПВ). Благодарение на современите дијагностички техники, жените можат да бидат скринирани за ХПВ инфекција. Кога е откриен и третиран во најраната фаза, карциномот на грлото на матката има над 93% стапка на излекување.

80% од малигните болести во неразвиените земји се откриваат во доцна фаза, каде палијативната нега единствената достапна третманска опција

И покрај напредокот во дијагностиката и третманите за малигните болести, универзалниот пристап до медицинска иновација и квалитетна здравствена заштита останува глобален предизвик.

Дебелината се чини дека ќе ги надмине цигарите како водечка причина за малигна болест која може да се спречи

Зголемен предизвик за здравството на глобално ниво, не само затоа што дебелината е ризик фактор за малигна болест, туку е поврзана и со повисока стапка на повторување и зголемена смртност.

Вашиот сопствен имунолошки систем може да Ви помогне во борбата против малигната болест

Денес, нашето разбирање за биологијата на малигната болест доведе до развој на лекови кои го користат нашиот имунолошки систем - или преку стимулирање на имунолошкиот систем да ги нападне малигните клетки, или преку зајакнување на компонентите на имунитетот со вештачки протеини.

Третманите функционираат на различни начини, на пр. преку генерално зајакнување на имунолошкиот систем; друг механизам на дејствување имаат.насочените терапии кои ги спречуваат специфичните молекули вклучени во растот и преживувањето на малигните клетки.

Научниците веруваат дека во иднина може да се најде „лек“ преку воспоставување на правилна рамнотежа помеѓу малигната болест и имунолошкиот систем.

Повеќе луѓе се излекуваат од малигна болест од кога било досега

Сега, 7 од 10 деца се излекувани од малигна болест! Детските малигни болести добро реагираат на хемотерапија, бидејќи тие обично се малигни болести со брзо растење, а повеќето форми на хемотерапија влијаат на брзорастечките клетки. Детските тела во голема мера имаат поголема способност да се опорават од поголеми дози на лекови отколку телата на возрасните.

Две од три лица сега живеат најмалку пет години откако им е дијагностицирана малигна болест. Само во текот на последната деценија, стапките на одговор на третманите кај сите видови на малигна болест се скоро двојно зголемени.

Персонализираната медицина препознава дека секој пациент со малигна болест е единствен

Традиционално, сите пациенти со дијагностициран одреден вид малигна болест добивале ист третман. Овие лекови, соодветни за сите, биле ефикасни кај некои пациенти, но биле неефикасни за други или предизвикувале несакани ефекти.

Користејќи специфични дијагностички тестови, лекарите сега можат да предвидат како пациентот реагира на третманот. Овие тестови исто така им овозможуваат на лекарите да ја утврдат најдобрата доза и времетраењето на третманот.

Персонализираната медицина веќе овозможува насочени, поефикасни третмани за различни под-типови на карцином на дојка, бели дробови, кожа и хематолошки малигни болести. Денес, повеќето нови фармацевтски производи се развиваат со специфичен придружен дијагностички тест.

Откриј повеќе

Информациите на веб страницата имаат само информативен карактер и не можат да се сметаат како медицински совет.

КонтактВо светотlinkedinfacebooktwitterinstagramyoutubeCovid-19ЛековиКариераНовостиПерсонализирана здравствена заштитаИзјава за заштита на приватностаПравна изјава