За пациентите со малигни болести, придобивките од персонализираната медицина се значајни повеќе од кога било

Некои велат дека COVID-19 е болест која подеднакво ги афектира сите, носејќи страдање на сите страни од светот. Но, вирусот не игра праведно - тој несразмерно повеќе ги напаѓа ранливите категории од населението, во кои спаѓаат и заболените од малигни болести. Течната биопсија (liquid biopsy) како дополнителна дијагностичка можност помага да се подобрат шансите и на пациентите со малигни болести.

Времето може да биде прашање на живот и смрт за пациентите со малигни болести. Раното откривање и правилното лекување се суштински за подобрување на исходот на лекувањето, а постојаната грижа е пресудна. Но, пандемијата ги става пациентите со малигни болести во поголем ризик на три начини:

  • Одењето во најблиската болница може да биде предизвик за пациентите од руралните подрачја, дури и во нормални услови. Во раните месеци од пандемијата, пристапот до здравствена заштита се промени речиси за сите, а инфраструктурата - од тријажа до добивање на соодветна здравствена нега – скоро и да беше целосно запоставена.

  • Карантините и преоптоварените болници ги спречуваат пациентите да пристапат до дијагностичките испитувања или третман. Некои, едноставно, се премногу исплашени да одат, дури и ако можат.

  • За пациентите со малигни болести - кои се со нарушен имунитет - ризикот од инфекција со COVID-19 и други болести е особено висок, особено во преполн простор.

Од почетокот на пандемијата, владините и научните институции континуирано објавуваат извештаи кои се доказ за опаѓањето на грижата за пациентите со малигни болести во светски рамки. Еднапокажува дека скоро 61% од онколошките центри во 18 земји пријавиле намален обем на работа за време на првиот пик на пандемијата, а скоро две третини го навеле редуцираното и следствено на тоа несоодветно лекување како најголема причина за загриженост.

Податоците од истата студија, презентирани на виртуелниот конгрес на ESMO 2020, покажуваат дека во онколошките центри, третманите со најголеми шанси да бидат откажани или одложени биле: операциите со 44%, примање на хемотерапија со скоро 26% и радиотерапија со скоро 14%. Палијативната нега (фокусирана на квалитетот на живот) била предвремено прекината во 32% од центрите.

И редовните превентивни прегледи драстично се намалиле, намалувајќи ги шансите за рано откривање, кое може да доведе до намалени шанси за преживување кај лицата дијагностицирани во подоцнежна фаза на болеста.

Другиукажуваат дека само во САД има пад од околу 80% во март и април 2020 г. кај рутинските превентивни прегледи со кои би можело да се откријат нови случаи на малигни болести, вообичаено во поран стадиум. Уште еденобјавен неодамна проценува дека скринингот за карцином на дојка, дебело црево и грло на матка во САД се намалил за околу 60% од средината на март до средината на јуни 2020 година.

Претставништвата на Рош ширум светот рано препознаа дека пациентите со карцином се меѓу изоставените во трката против пандемијата. И тие беа цврсто решени да изнајдат нови иновативни начини да им помогнат.

„Ситуацијата во Италија беше тешка; Италија беше една од најтешко погодените земји.” изјави Лука Латанзи, Brand Manager of Precision Medicine во Рош.

На извесен начин, за пандемијата коцките совршено се наместија: ризикот од малигна болест се зголемува со возраста, а се проценува дека скоро една четвртина (23,1%) од италијанската популација е постара од 65 години. Италија има најголем процент на стари лица во Европа во 2019 г. Истражувањата покажуваат дека корона вирусот е поголема закана за постарите луѓе, кои, ако ја добијат болеста, најверојатно ќе имаат потежок случај.

Информациите од нашите колегите кои се во директен контакт со здравствените работници, како и од самите лекари укажуваа на тоа дека пациентите со малигни болести во Италија не се секогаш во можност да одат в болница за да ги направат неопходните иследувања или да го добијат соодветниот третман. Првиот карантин беше искрата што ги поттикна колегите од италијанското претставништво креативно да размислуваат и да изнајдат начин да помогнат на пациентите со карцином кои се доведени во незавидна положба.

Едно од решенијата? Течна биопсија спроведена преку едноставно земање крв коешто патронажната сестра го прави директно во домот на пациентот. Сестрата доаѓа во одредено време, зема крв од пациентот во две епрувети и ги пакува за да ги преземе курир во рок од четири часа. Епруветите се испраќаат во специјална лабораторија која испитува тумори за геномски промени, давајќи им на лекарот и на пациентот поголем увид и насока за возможните на опциите за целна (таргетиранa) тeрапија.

Секој човек има уникатна низа на генетски информации, наречен геном. Малигната болест е болест на геномот, предизвикана од геномски промени кои што предизвикуваат неконтролиран раст на клетки. Сеопфатното геномско профилирање (анг. Comprehensive Genomic Profiling, CGP) е моќна алатка за правилно дијагностицирање и планирање на третманот. Со него се испитува ДНК на туморот за повеќе од 300 геномски промени и се нуди пресек на опции за третман врз основа на откриените промени. Со ова, на лекарот и на пациентот им се дава можност за грижа прилагодена според индивидуалните карактеристики на болеста и на пациентот.

Сеопфатното геномско профилирање може да се направи преку биопсија на ткиво, при што од организмот се зема примерок од ткивото. Оваа метода е инвазивна и мора да се прави во болница или амбуланта. Со течната биопсија (преку земање крв), на лицата со малиган болест им се овозможува на минимално инвазивен начин да им се одреди целната (таргетирана) терапија која дава најсоодветни резултати кај нивниот тип на малигна болест. На пример, пациентите со карцином на бели дробови, чија болест напредувала, може да имаат помалку достапно ткиво за биопсија, или туморот може да се наоѓа на тешко достапно место.

Секако, треба да се земе предвид и емотивната страна. Луѓето секогаш се чувствуваат покомотно и посигурно во својот дом. Значи, земањето крв се одвива во нивниот простор и нивното засолниште. Тој емотивен дел е многу важен; мобилната единица доаѓа кај нив под нивни услови. Сепак, станува збор за пациенти со карцином, а многу од нив веќе се со кревка здравствена состојба.

Сеопфатното геномско профилирање со течна биопсија значи вадење само на две епрувети крв и го елиминира или минимизира времето поминато во болници или амбуланти. За лицата кои веќе се исцрпени, на овој начин се елиминира потребата да патуваат на долги растојанија заради испитувања. Со ова решение се овозможува приватност, пациентите добиваат безбеден, навремен пристап до основна дијагностика и на пациентите и нивните лекари им се обезбедува непроценлив увид за планирање на персонализиран третман.

Течна биопсија кај цврсти тумори; ја открива циркулирачката туморска ДНК, којашто туморот ја ослободува во крвта на пациентот. Ова ја отвора можноста за сеопфатно геномско профилирање на повеќе пациенти, без оглед на тоа каде се наоѓаат и без оглед на отежнувачките околности наметнати од пандемијата. Секој карцином е уникатен и со оваа иновација се овозможува концептот на персонализирана грижа за малигните болести да стане реалност за повеќе пациенти низ светот.

За само два месеца, во услови на карантин и сред пандемискиот хаос, тимот на Рош Италија започна безбедна, сигурна и ориентирана кон пациентите програма за мобилно земање крв. Со овој потег во вистинска смисла на зборот иследувањето со методата на течна биопсија беше овозможено во домашни услови за пациентите со карцином кои имаат потреба од тоа.

„Сите вклучени во проектот беа свесни за вредноста на овој проект и за итноста да се овозможи решение за нашите пациенти“, изјавуваат колегите од Италијанското претставништво на Рош. „Некои од најранливите лица во општеството имаа потреба, а брзината беше пресудна. Но, приватноста и безбедноста на пациентот беа подеднакво важни; тоа беше апсолутно клучно за овој проект. И имавме среќа, бидејќи се потпиравме на доверлив партнер, националната мрежа на специјализирани медицински сестри, која веќе соработуваше со нас во Италија.“

Слични програми се започнати и во други претставништва на Рош низ светот. Во Канада и Шпанија, болниците беа преоптоварени од пациенти со COVID-19 и болничките посети беа ограничени на непосредна, итна потреба. Претставништвата се здружија со локалните клиники за инфузија за да им овозможат на пациентите да закажат средба преку мрежата на клиники низ земјата и да имаат пристап до услугата за течна биопсија во средина која е безбедна и погодна за пациентот.

Пациентите прават резервација за тестот преку интернет и можат да бидат спокојни дека брзиот, минимално инвазивен тест ќе го минимизира нивниот ризик од инфекција и ќе им овозможи ним и на нивниот онколог увид во единствениот геномски профил на пациентот со цел планирање на персонализиран третман врз основа на прогресијата на болеста.

„За пациентите со малигна болест, сѐ е во времето – изјави Пауло. Времето е навистина пресудно за нив. Многу пациенти кои прават геномско тестирање, за жал, се во напреднатаи стадиуми на болеста. Значи, тие го гледаат овој тест со надеж дека ќе им отвори поинакви можности. Во оваа фаза од патешествието со болеста, времето е поважно од сè.”

Програмите за течна биопсија во некои земји постојат веќе неколку години наназад и опслужуваат пациенти кои не можат лесно да стигнат до болница или клиника. Решението, кое сега е испробано и под притисок на пандемијата, ќе им даде на пациентите повеќе и подобри опции во иднина - и во услови кои ним најмногу им одговараат.

Ова решение може да биде исто толку практично и во наредните години, по завршување на пандемијата.Моделот во Италија е пример кој добро функционира; има и други примери кои добро функционираат и на други места, и ние со сигурност и понатаму ќе ги унапредуваме. Ова им помага на нашите пациенти да бидат безбедни и побрзо да дојдат до одговор. Нам ни дава нови начини да ги опслужиме и го става пациентот во фокус на сите наши активности. На крајот на краиштата, она што е најдобро за пациентот е и наш фокус.

Откриј повеќе

Веб страница на Рош и Foundation Medicine

Повеќе приказни

Види ги сите приказни

Информациите на веб страницата имаат само информативен карактер и не можат да се сметаат како медицински совет.

КонтактВо светотlinkedinfacebooktwitterinstagramyoutubeCovid-19ЛековиКариераНовостиПерсонализирана здравствена заштитаИзјава за заштита на приватностаПравна изјава