Грипот или „инфлуенца“ е многу заразна болест на респираторниот систем предизвикана од вирусот на грип.1 Таа е една од најчестите заразни болести и претставува сериозна закана за јавното здравје. Всушност, грипот предизвикува смрт кај околу 650.000 лица ширум светот и е одговорен за околу 5 милиони случаи на сериозно состојби секоја година.2
Препознавањето како вирусот на грип може да влијае врз вашиот живот е важно во денешно време, особено ако има многу лица кои зависат од вас, како на пр. вашиот партнер, деца или колеги. За жал, да имате грип значи дека не сте во можност да ги извршите нормалните секојдневни активности одреден временски период.3,4
Кога станува збор за работа, справувањето со грипот може да ве стави во дилема. Од една страна, можеби ќе сакате да го заменарите грипот со цел да можете да ги исполните роковите, да не ги изневерите колегите или да дозволите вашата продуктивност да страда. Познато е дека грипот може да има значително финансиско влијание врз заболените преку изгубени работни денови и намалена продуктивност.2,5 Сепак, одењето на работа кога се сомневате дека имате грип можеби не е толку добра идеја. Вирусот на грип може да се прошири на други лица, 24 часа пред да започнете да се чувствувате болно и 5-7 дена по појавување на првите симптоми.1 Освен тоа, може да трае и до 6 дена откако ќе се појават првите симптоми пред да се чувствувате способни да се вратите на работа.3
Грипот е многу заразен од денот пред да се појават првите симптоми и до 5-7 дена откако ќе се разболите.1
Треба да избегнувате контакти со други лица.6
Треба да останете дома најмалку 4-5 дена по појава на симптомите.6
Со колку повеќе лица комуницирате лично, толку повеќе ќе се шири инфекцијата.7
Не само постарите или изнемоштените лица можат да се разболат од грип - можат да бидат засегнати лица од сите возрасти. Сепак, некои луѓе, вклучително и постари лица, бремени жени или лица со одредени хронични медицински состојби (како астма, дијабетес или срцеви заболувања) се изложени на поголем ризик за инфекција и компликации.1
деца
бремени жени
возрасни над 65 години
лица со ослабен имунолошки систем (имунокомпромитирани)
Важно е да не ја потцените сериозноста на грипот.8,9
Симптомите на грип се појавуваат ненадејно, обично во рок од 24 часа од инфекцијата.4
Треска и придружните симптоми траат помеѓу 3-8 дена.4
Може да се чувствувате лошо дури и ако поминала треската, ова може да трае до 2 недели.4
Инфекцијата со грип може да предизвика блага до тешка болест,7,10 а некои симптоми можат да предизвикаат и секундарни компликации.11 Без навремено, соодветно лекување, грипот може да предизвика пневмонија, бронхитис и синуситис.12 Иако грипот обично е благ до умерен кај поголемиот дел од заразените, кај некои луѓе за кои се смета дека се ризични, може да предизвика тешки заболувања, па дури и смрт.7
Ако имате грип, ова ќе има значително влијание врз вашиот дом и работата. Ова истакнува колку е важно да се побара лекарска помош веднаш штом ќе сфатите дека имате грип, со цел да го скратите времетраењето и влијанието на вашата болест.7,13
Референци:
Centers for Disease Control and Prevention. Key facts about influenza (flu). Достапно на:
WHO 2018. Influenza (Seasonal). Достапно на:
Keech M, Beardsworth P. The impact of influenza on working days lost: a review of the literature. Pharmacoeconomics. 2008;26:911–24.
Paules C, Subbarao K. Influenza. Lancet. 2017;390:697–708.
Molinari NAM, et al. The annual impact of seasonal influenza in the US: Measuring disease burden and costs. Vaccine. 2007;25:5086–96.
Centers for Disease Control and Prevention. Influenza. Stay Home When You Are Sick. Достапно на:
Klepser ME. Socioeconomic impact of seasonal (epidemic) influenza and the role of over-the-counter medicines. Drugs. 2014;74:1467–79.
Hollmeyer HG, et al. Influenza vaccination of health care workers in hospitals – a review of studies on attitudes and predictors.Vaccine. 2009;27:3935–44.
Albano L, et al. Knowledge, attitudes and behaviour of hospital health-care workers regarding influenza A/H1N1: a cross sectional survey. BMC Infect Dis. 2014;14:208.
Shrestha S, et al. The role of influenza in the epidemiology of pneumonia. Sci Rep. 2015;5:15314.
Rothberg MB, et al. Complications of viral influenza. Am J Med. 2008;121:258–64.
Mayo Clinic. Flu symptoms: Should I see my doctor? Достапно на:
Centers for Disease Control and Prevention. Influenza antiviral medications: summary for clinicians. Достапно на:
Информациите на веб страницата имаат само информативен карактер и не можат да се сметаат како медицински совет.