Светски ден на хемофилија

Светскиот ден на хемофилија е меѓународен ден за подигнување на свеста за хемофилија и други нарушувања на коагулацијата. Се одржува секоја година на 17. април, на роденденот на Френк Шнабел, основач на Светската федерација за хемофилија (анг. World Federation of Hemophilia, WFH).

Почнувајќи од 1989 година, Светскиот ден на хемофилија е денот кога целата заедница на лица со хемофилија и другите крвни нарушувања се собира заедно за да ги прослави континуираните достигнувања во лекувањето, а истовремено да ја подигне свеста и да го зголеми разбирањето и вниманието за прашања поврзани со соодветна грижа за пошироката јавност.

Овогодинешната тема на Светскиот ден на хемофилија е „Adapting to Change". Ова претставува повик за акција на сите засегнати страни со цел да се помогне во спроведување на визијата на Светската федерација за хемофилија (анг. World Federation of Hemophilia, WFH), „Tретман за сите“ на локално и на глобално ниво. Секој може да се вклучи и да има удел, како пациентите, членовите на семејството така и здравствените работници, националните власти, фармацевтските компании и сите оние кои ја поддржуваат оваа визија. Со ова можеме да ги охрабриме сите да се „вклучат“ и да помогнат во зголемувањето на свеста за наследните нарушувања на коагулацијата и потребата да се овозможи пристап до соодветна грижа насекаде во светот.

Хемофилија е сериозно, наследно нарушување на коагулацијата каде што крвта на пациентот не коагулира соодветно, доведувајќи до тешки случаи на неконтролирано крварење, спонтано или после лесна повреда. Лицата со хемофилија може нема да крварат повеќе или побрзо од лицата без хемофилија, но тие крварат подолго времe.1 Повторувачките крварења можат да доведат до тешки пореметувања особено во зглобовите.

Референци:

  1. Canadian Hemophilia Society. What is hemophilia? 2016. Достапно на:  Http: //www. Hemophilia. Ca/en/bleeding-disorders/hemophilia-a-and-b/what-is-hemophilia/. Пристапено на: јуни 2016.

Преземања

Што е хемофилија?

Откриј повеќе

World Hemophilia Day

Повеќе приказни

Види ги сите приказни

Информациите на веб страницата имаат само информативен карактер и не можат да се сметаат како медицински совет.

КонтактВо светотlinkedinfacebooktwitterinstagramyoutubeCovid-19ЛековиКариераНовостиПерсонализирана здравствена заштитаИзјава за заштита на приватностаПравна изјава