Рош во невронаука и ретки болести: Зачувување на она што ги прави луѓето тоа што се

Сите познаваме некое лице погодено од невролошка состојба, која може да има големо влијание врз неговиот или нејзиниот секојдневен живот.

Невронауката како мултидисциплинарна област го следи развојот на нервниот систем, неговата структура и начинот на неговото нормално функционирање како и при состојби на невролошки, психијатриски и невроразвојни пореметувања. Невронауката е голем предизвик за медицината и општеството, затоа што мозокот сам по себе не е целосно истражен, а пак од друга страна трошоците за третман на болестите кои го зафаќаат мозокот се многу високи. Болестите на нервниот систем го нарушуваат животот не само на пациентите туку и на нивните најблиски. 1 од 10 лица во светот страдаат од одреден тип на невролошко заболување, така што се проценува дека околу 700 милиони лица живеат со ментални и невролошки нарушувања ширум светот.

Рош во последните години интензивно се фокусира кон истражување и развој на оваа област со цел да развие третмански опции кои се базираат врз биологијата на нервниот систем. Користејќи ги најновите научни достигнувања, ние сме посветени да разбереме како болестите влијаат на нервниот систем, развивајќи нови начини на дијагностика и нивно лекување. Секој ден, со подобро разбирање на генетиката, напредокот во „имиџинг“ технологиите и податоците од клиничките студии се овозможи еден нов увид за научниците во тоа како мозокот и неговите врски функционираат - и што се случува кога тие не функционираат правилно. Ниту една компанија или институција не може да го направи тоа сама поради тоа ние соработуваме со широк спектар на партнери од најразлични профили. Имаме страст и знаење, да пронајдеме лекови за третман на болестите на нервниот систем и да им помогнеме на лицата да го живеат својот живот во целост.

Со голема посветеност и знаење истражуваме во овие области, поместувајќи ги границите кон откривање на врвни медицински откритија, со цел нивно излекување и/или подобрување на квалитетот на живот на овие лица. 

Преземања

Свртување внимание кон Хантингтонова болест

Детални прикази на случаи

Повеќе приказни

Види ги сите приказни

Други терапевтски подрачја

Погледни ги сите терапевтски подрачја

Откриј повеќе

Дијагностицирање на спектар на нарушувања од типот на оптички неуромиелитисЗа истражување и развој на нови молекули во невронауката

Информациите на веб страницата имаат само информативен карактер и не можат да се сметаат како медицински совет.

КонтактВо светотlinkedinfacebooktwitterinstagramyoutubeCovid-19ЛековиКариераНовостиПерсонализирана здравствена заштитаИзјава за заштита на приватностаПравна изјава