Да го разбереме карциномот на мочен меур и неговото влијание

Карциномот на мочен меур е 10-ти најчест карцином на глобално ниво; во 2018 година имало над половина милион новодијагностицирани случаи на карцином на мочен меур на глобално ниво, со околу 200.000 смртни случаи од оваа болест.1

Карциномот на мочен меур е

Што е карцином на мочен меур?

Карциномот на мочен меур се карактеризира со развој на абнормални клетки во слузокожата на мочниот меур.2 Постојат три главни типа на карцином на мочен меур:2

  • Уротелијален карцином, познат и како transitional cell carcinoma, се развива во клетките на зидот на мочниот меур. Тоа е најчестиот тип на карцином на мочен меур и претставува околу 90% од сите случаи

  • Сквамозно клеточен карцином, започнува во сквамозните клетки на слузокожата на мочниот меур и претставува околу 4% од сите видови на карцином на мочен меур

  • Аденокарцином, започнува во жлездестите клетки во слузокожата на мочниот меур и претставува 2% од сите видови на карцином 
    на мочен меур

Најчести симптоми:³,⁴

Најчестите симптоми на карциномот на мочниот меур вклучуваат: крв во урина; абдоминална болка; болка во долниот дел на грбот; и иритација на мочниот меур.3,4

Суштината е во времето

Околу половина од сите видови на карцином на мочен меур се дијагностицираат во раната, не-мускулно инвазивна фаза (стадиум 0-I),5 што значи дека клетките на карциномот се наоѓаат само во внатрешниот слој на зидот на мочниот меур.6 Како и кај многуте видови на карцином, раната дијагноза е многу важна бидејќи е поврзана со повисока стапка на преживување.7

Околу една третина од случаите се дијагностицираат кога карциномот се проширил подлабоко во мочниот меур,5 кој е познат како мускулно инвазивен карцином на мочен меур (стадиум II и III).6 Во останатите случаи, карциномот се проширил во околните мускули и органи5 - и е познат како метастатски карцином на мочен меур (стадиум IV).6

Разликата меѓу половите

Иако околу три четвртини од сите случаите на карцином на мочен меур се јавуваат кај мажите,1 жените се почесто се дијагностицираат во доцна фаза на болеста (стадиум III-IV), што се смета дека придонесува за пониска стапка на преживување во споредба со мажите.7 Одложената дијагноза кај жените може да биде резултат на вообичаените симптоми на карциномот на мочен меур и погрешното дијагностицирање како инфекција на уринарниот тракт.8,9

По дијагностицирање на карцином на мочен меур во стадиум IV, 5-годишната стапка на преживување е 15% кај жените, споредено со 27% кај мажите. Всушност, жените имаат пониска 5-годишна стапка на преживување, во споредба со мажите, во сите стадиуми на болеста.7 Ова ја покажува потребата за поголема свесност за раните симптоми на карциномот на мочен меур, особено кај жените.

Надеж за иднината

Често се занемарува, но третманот на карциномот на мочниот меур не е променет со децении. Но, континуираното истражување за биологијата на карциномот и неодамнешните достигнувања во областа на целната терапија и воведувањето на канцер имунотерапијата, донесоа нова надеж и нова третманска опција за одредени лица со карцином на мочен меур, после 30 години без значителен напредок. Се надеваме дека комбинацијата на рана дијагноза и неодамнешниот напредок во третманот ќе помогне во подобрување на стапките на преживување кај лицата со карцином на мочниот меур.

Референци:

  1. Bray et al. Global cancer statistics 2018: GLOBOCAN estimates of incidence and mortality worldwide for 36 cancers in 185 countries. Ca Cancer J Clin. 2018;68:394-424.

  2. достапно на: 

  3. NHS. достапно на: 

  4. Fight bladder cancer. достапно на: 

  5. National Cancer Institute. достапно на: 

  6. достапно на: 

  7. Dobruch J et al. Gender and Bladder Cancer: A Collaborative Review of Etiology, Biology, and Outcomes. Eur Urol. 2016;69:300-310.

  8. Richards K.A et al. Urinary tract infection-like symptom is associated with worse bladder cancer outcomes in the Medicare population: Implications for sex disparities. Int J Urol. 2016;23:42-47.

  9. Nicholson, B. D et al. Bladder cancer in women. BMJ. 2014;348:g2171-g2171.

Факти за карциномот на мочен меур

Карциномот на мочен меур се создава кога абнормални клетки од неговиот ѕид ќе почнат неконтролирано да се размножуваат.

Преземања

Факти за уротелијалниот карцином во сите стадиуми

Повеќе прикази на случаи во онкологија

Погледни подетално во онкологијата

Информациите на веб страницата имаат само информативен карактер и не можат да се сметаат како медицински совет.

КонтактВо светотlinkedinfacebooktwitterinstagramyoutubeCovid-19ЛековиКариераНовостиПерсонализирана здравствена заштитаИзјава за заштита на приватностаПравна изјава