Карцином на бели дробови

Карцином на бели дробови: најчестиот фатален карцином во светот

Повеќе луѓе умираат како резултат на карцином на бели дробови секоја година отколку од карцином на дојка, дебело црево и простата заедно.И покрај напредокот во последните години со откривање на нови третмани кои го продолжуваат животот, карциномот на бели дробови сепак останува смртоносна болест.

Се карактеризира со неконтролиран раст на абнормални клетки во белите дробови, и во зависност од овие клетки постојат две главни форми на карцином на бели дробови: не-ситноклеточен белодробен карцином (НСБК) и ситноклеточен белодробен карцином (СКБК). НСБК е најчестата форма и опфаќа околу 85% од сите случаи.2

Добро е познато дека пушењето е најчестата причина за карцином на бели дробови и е поврзана со околу 80% од сите дијагностицирани случаи.3 Сепак, тоа не е единствената причина, бидејќи годишно се дијагностицираат околу 270.000 нови случаи кои не се поврзани со пушење. Други значајни фактори на ризик за НСБК вклучуваат:3

  • зрачење - луѓето лекувани со радиотерапија се со умерен зголемен ризик за развој на карцином на бели дробови

  • професионални ризици - работниците вработени во одредени индустрии и занимања кои вклучуваат високо-ризични агенси кои предизвикуваат рак (канцерогени), како што се азбест и гасови кои се создаваат при согорување, може да бидат под зголемен ризик

  • загадување на градскиот воздух - податоците покажуваат дека стапките на карцином на бели дробови се повисоки во градовите, главно поради повисокиот степен на загадување на градскиот воздух, отколку во руралните средини

  • загадување на воздухот во затворен простор - на зголемен ризик се изложени лица кои престојуваат во лошо вентилирани простории каде редовно се гори јаглен, дрво или други цврсти горива

  • други белодробни заболувања - лица со белодробна туберкулоза или хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ) се изложени на зголемен ризик од карцином на бели дробови

За жал, повеќе од две третини од сите пациенти со карцином на бели дробови се дијагностицираат во доцна фаза кога тумори се присутни на повеќе од една локација во телото.4

Како и со многу други видови на карцином, колку порано се дијагностицира, толку е поголема шансата за преживување.*

(* 5-годишна стапка на преживување врз основа на пациенти во САД)

Опциите за третман на карцином на бели дробови се разликуваат во зависност од видот и стадиумот на болеста, покрај неговата големина и локацијата во белите дробови. Третманот зависи и од тоа дали се раширил во други делови на телото и општото физичко здравје на пациентот. Историски гледано, опциите за третман на НСБК биле:

  • хирургија - за пациенти со ран стадиум, локализиран НСБК може успешно да се лекува со помош на операција

  • радиотерапија - за лица чиј карцином не може да се отстрани со операција, може да се понуди радиотерапија како монотерапија или во комбинација со хемотерапија

  • хемотерапија - се користи за лекување на лица со напреднато заболување, како што се дијагностицираат повеќето случаи на НСБК.4 Во оваа напредната фаза, карциномот веќе се проширил во друг дел од телото и веќе не може успешно да се отстрани

  • целна терапија - ова може да вклучува моноклонални антитела, мали молекули, вакцини и генски терапии кои таргетираат одредени сигнални патеки

Јасно е дека карциномот на бели дробови останува голем предизвик, како од клинички, така и од истражувачки аспект. Канцер имунотерапијата како нова опција за лекување, заедно со постојните третмани, им дава надеж на пациентите и нивните семејства.

Останува потребата за пронаоѓање на лекови кои го продолжуваат животот, добро се поднесуваат, особено кај претходно лекувани пациенти со напреднат и метастатски НСБК, местото каде имунотерапиите би можеле да играат важна улога.

Референци:

  1. Ferlay J, et al., GLOBOCAN 2012 v1.0, Cancer Incidence and Mortality Worldwide. International Agency for Research on Cancer; 2013. пристапено: ноември 2016 г. достапно на: http://globocan.iarc.fr/Pages/fact_sheets_cancer.aspx.

  2. Barzi A, Pennell NA. Targeting angiogenesis in non-small cell lung cancer: agents in practice and clinical development. Europ Journ Clin Med Onc. 2010;2(1): 31–42.

  3. World Health Organization. World Cancer Report 2008. Lyon; 2008, пристапено: ноември 2016 г. достапно на:[Calculation: 960,000 (new cases per year in men) + 390,000 (new cases per year in women) = 1,350,000 (new cases per year) / 1,350,000/100 = 13,500 (1% of cases diagnosed each year) / 13,500 * 20 = 270,000 (new cases per year not linked to smoking)].

  4. National Cancer Institute. SEER Stat Fact Sheets: Lung and Bronchus Cancer. NCI online; 2016; пристапено: ноември 2016 г. достапно на:

Како делуваат ALK-инхибиторите кај ALK+ карцином на бели дробови

Кај околу 85% од сите случаи на карцином на бели дробови се открива не-ситноклеточен карцином, а од нив 5% се анапластичен лимфом киназа позитивни

Преземања

Карцином на бели дробови: карцином со многу подтиповиТипичен пат на пациентот со ран не-ситноклеточен карцином на бели дробовиALK-позитивен не-ситноклеточен карцином на бели дробовиСитноклеточен карцином на бели дробови

Повеќе приказни

Види ги сите приказни

Повеќе прикази на случаи во онкологија

Погледни подетално во онкологијата

Откриј повеќе

Нашиот пристап во канцер имунотерапијаМала клетка, но голема разлика кај карциномот на бели дробови

Информациите на веб страницата имаат само информативен карактер и не можат да се сметаат како медицински совет.

КонтактВо светотlinkedinfacebooktwitterinstagramyoutubeCovid-19ЛековиКариераНовостиПерсонализирана здравствена заштитаИзјава за заштита на приватностаПравна изјава