десет лекови беа претставени во над 70 апстракти, вклучувајќи и 25 орални презентации
дополнителни податоци за emicizumab од три регистрациони студии кај лица со хемофилија А, со или без инхибитори на фактор VIII
за прв пат беа презентирани клинички податоци за две нови Т-клеточни биспецифични антитела во третман на не-Хочкинов лимфом
„Рош“ презентираше нови податоци за своите одобрени и истражувачки лекови во низа хематолошки заболувања во тек на 60-тиот конгрес на Американското здружение за хематологија (анг. American Society of Hematology, ASH) кој се одржа од 1-4 декември 2018 година. Десет лекови на Рош беа претставени во повеќе од 70 апстракти, вклучувајќи и 25 орални презентации, во 15 различни хематолошки заболувања.
„Со големо задоволство, го споделивме напредокот постигнат во нашите истражувања во областа на хематологија во тек на конгресот оваа година, што го одразува нашиот пристап да ги разбереме механизмите на хематолошките заболувања на молекуларно ниво", изјави д-р Сандра Хорнинг, Главен медицински директор и Шеф на одделот за развој на производи во „Рош“. „Веруваме дека презентираните податоци за повеќето хематолошки заболувања, вклучувајќи и од студиите за неколку „прв во класа“ лекови кои имаат голем потенцијал да ги трансформираат стандардите за грижа, ќе го подобрат животот на пациентите".
Emicizumab, кој претставува „прв во нова класа“ лек се појавува после скоро 20 години во третман на лицата со хемофилија А, на конгресот беше претставен во 12 апстракти. Беа презентирани нови податоци кај деца помлади од 12 години со хемофилија А со или без инхибитори на фактор VIII, вклучувајќи ги и комплетните резултати од регистрационата студија HAVEN 2, која ги евалуира трите различни режими на дозирање на emicizumab (еднаш неделно, на секои две недели или на секои четири недели) кај деца со хемофилија А со инхибитори на фактор VIII. Дополнително, презентирани беа и податоци за преференца на третман од регистрационата студија HAVEN 3 кај лица со хемофилија А без инхибитори на фактор VIII и регистрационата студија HAVEN 4 кај лица со хемофилија А со или без инхибитори на фактор VIII. Emicizumab неодамна беше одобрен од страна на Aгенцијата за храна и лекови во САД (анг. FDA, Food and Drug Administration) за третман на хемофилија А со или без инхибитори на фактор VIII. Emicizumab е единствениот лек за хемофилија кој се администрира супкутано и преку различни режими на дозирање за сите лица со хемофилија А, без разлика дали имаат инхибитори на фактор VIII или не.
„Рош“, исто така презентираше и податоци за други лекови во низа хематолошки малигни заболувања, како ажурираните податоци за ефикасноста од фаза II, GO29365 студија која го испитува polatuzumab vedotin, истражувачки anti-CD79b антитело-лек коњугат, во комбинација со MabThera® (rituximab) плус bendamustine, кај релапсен или рефракторен дифузен Б големоклеточен лимфом (ДБГЛ). Резултатите од студијата GO29365 ќе бидат поднесени до регулаторните власти ширум светот за одобрување на лекот. Презентирани беа и податоците од фаза III, GALLIUM студијата која го истражува лекот Gazyva® (obinutuzumab) кај претходно нетретиран фоликуларен лимфом, кои ја поддржуваат прогностичката важност на одредувањето на статусот на минимална резидуална болест (анг. minimal residual disease, MRD) на крај на индукциониот третман. Конечно, „Рош“ презентираше предвремени податоци за две нови Т-клеточни биспецифични антитела во третман на не-Хочкинов лимфом, кои ги вклучуваа и првичните резултати за ефикасност и безбедност од првите клинички студии за истражувачките лекови mosunetuzumab и CD20-TCB. Овие биспецифични антитела ги пренасочуваат Т-клетките да се ангажираат и да ги елиминираат малигните Б-клетки. Ова се базира на богатата историја и експертиза на „Рош“ во развојот на anti-CD20 антитела за третман на бројни малигни заболувања на Б-клетките.
Клучните апстракти со лекови на „Рош“ кои беа презентирани на конгресот на ASH се прикажани во табелата подолу.
Пред повеќе од 20 години, „Рош“ започна со развојот на лекови што го менуваат третманот на повеќе хематолошки заболувања. Денес, „Рош“, инвестира повеќе од кога било во обидот да пронајде иновативни третмански опции за луѓето со хематолошки заболувања. Како дополнение на одобрените лекови MabThera® (rituximab), Gazyva® (obinutuzumab), Venclexta (venetoclax) во соработка на Abbvie, во „Рош“ се работи на подготовка на потенцијални хематолошки лекови, кои вклучуваат anti-PDL1 Tecentriq (atezolizumab), антитело-лек конјугат anti-CD79b (polatuzumab vedotin/RG7596) и мала молекула антагонист на MDM2 (idasanutlin/RG7388). „Рош“ е посветен на откривање на нови молекули не само за третман на хемато-онколошките заболувања, со развој на Hemlibra® (emicizumab), биспецифично моноклонално антитело за третман на хемофилија А.
„Рош“ е глобален пионер на полето на фармацијата и дијагностиката насочен кон унапредување на науката заради подобрување на животот на луѓето. Обединетите сили на фармацијата и дијагностиката под еден покрив го направија „Рош“ лидер во персонализираната медицина - стратегија чија цел е лекувањето да се приспособи кон секој пациент на најдобар можен начин.
„Рош“ е најголемата биотехнолошка компанија во светот, со вистински диференцирани производи во областа на онкологијата, имунологијата, заразните болести, офталмологијата и болестите на централниот нервен систем. Исто така, „Рош“ е светски лидер за ин-витро дијагностика, ткивна канцер-дијагностика и предводник во контролата на дијабетесот.
Основан во 1896 година, „Рош“ и натаму бара подобри начини за спречување, дијагностицирање и лекување на болестите, и дава одржлив придонес кон општеството. Компанијата е насочена и кон подобрување на пристапот на пациентите до медицински иновации, преку соработка со сите релевантни чинители. Триесет лекови развиени од „Рош“ се вклучени во модел-листите со основни (есенцијални) лекови на Светската здравствена организација, меѓу кои и антибиотици за спасување на животот, антималарици и лекови против рак. Десет години по ред, во Индексите за одржливост на Dow Jones (DJSI), „Рош“ е потврден како лидер на групацијата во смисла на одржливост, во рамките на индустријата за лекови, биотехнологија и природните науки.
Групацијата „Рош“ со седиште во Базел, Швајцарија, е активна во повеќе од 100 земји. Во 2017 година бројот на вработените беше повеќе од 94.000 луѓе ширум светот. Во 2017 година, „Рош“ инвестираше 10,4 милијарди швајцарски франци во истражување и развој и прикажа продажба од 53,3 милијарди швајцарски франци. Genentech, во Соединетите Американски Држави, е членка во целосна сопственост на групацијата „Рош“. „Рош“ е мнозински акционер на Chugai Pharmaceuticals, Јапонија.
За повеќе информации, Ве молиме посетете ја страницата
Сите заштитени имиња употребени или споменати во ова соопштение се заштитени со закон.
Информациите на веб страницата имаат само информативен карактер и не можат да се сметаат како медицински совет.