Промовирана шестата индикација на Avastin за терапија од прва линија на рак на јајници

На 07.06.2012 год. во организација на Претставништвото на Рош во Македонија се одржа стручна промоција на шестата по ред одобрена индикација на лекот Avastin (bevacizumab) како терапија од прва линија на рак на јајници. 

Ракот на јајници е најсмртоносниот од гинеколошките тумори кај жената, со просечно 220,000 новодијагностицирани и 140,000 жени кои умираат од оваа болест годишно на глобално ниво.

Avastin, претставува прв голем напредок во третманот на жените со рак на јајници во последниве 15 години.

На стручната промоција со свои излагања земаа учество еминентни стручњаци од онкологијата и гинекологијата.

Д-р Биљана Гроздановска од Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, Скопје зборуваше за седумгодишното искуство со Avastin во Македонија, за шестата одобрена индикација и направи споредба за тоа каде е Македонија во однос на светската пракса. 

Д-р Милан Ристески од Клиниката одржа стручно предавање за „Инхибиција на ангиогенезата“. Свое предавање имаше и д-р Виолета Клисарова од Клиниката на тема „Клиничка релевантност за инхибиција на ангиогенезата кај карцином на овариум“. Доц. д-р Никола Баџаков, гинеколог-онколог од Клиничката болница Аџибадем-Систина, Скопје, одржа презентација на тема „Улога на хирургијата во третманот на напреднат карцином на овариум“.

Стручната промоција беше заокружена со презентацијата на д-р Славица Вељановска–Петреска од Клиниката на тема „Avastin како прволиниски третман на карцином на овариум: преглед на податоците од клинички студии“.

Терапијата од прва линија за рак на јајници е шестата одобрена индикација на Avastin во последните седум години од неговата регистрација од страна на американската Агенција за храна и лекови (ФДА) во 2004 год. до денес. Во Македонија Avastin е регистриран во 2005 год.

Avastin е антитело кое специфично се врзува и го блокира биолошкиот ефект на васкуларниот ендотелијален фактор на раст-VEGF (vascular endothelial growth factor). VEGF е клучниот поттикнувач на создавање на крвни садови во туморот-основен процес потребен за туморот да расте и да се шири (метастазира) во други делови од телото.

До денес над 1,300.000 луѓе во светот се лекувани со Avastin.

Во Roche се спроведува обемна клиничка програма која вклучува повеќе од 500 клинички студии кои ја испитуваат употребата на Avastin кај пациенти со над 50 типа рак, вклучувајќи рак на дебело црево, дојка, не-ситноклеточен карцином на бели дробови, рак на мозок, желудник, рак на јајници и др.

Со првичното одобрување во САД за напреднат рак на дебелото црево во 2004 година, Avastin стана првата анти-ангиогена терапија која што е широко достапна за лекување на пациентите со напреднат карцином.

Денес, Avastin продолжува да го менува лекувањето на карциномите преку неговиот докажан бенефит во преживувањето (вкупно преживување и/или преживување без прогресија на болест) кај неколку вида карциноми:

  • метастатски рак на дебело црево;

  • метастатски рак на дојка;

  • метастатски не-ситноклеточен рак на бели дробови;

  • метастатски рак на бубрези и

  • глиобластом.

Со цел и пациентите во Македонија да имаат можност за најсовремена терапија на болеста, Претставништвото на Рош во Македонија прави напори да овозможи достапност на иновативните лекови на Рош за македонските пациенти во најскоро време по регистрација на лекот на глобално ниво. Така Avastin за првпат беше регистриран за рак на јајници од страна F. Hoffmann-La Roche Ltd. на Европската медицинска агенција (ЕМА) во декември 2011 година. Само неколку месеци по регистрацијата на оваа индикација во Европската унија лекот Avastin е регистиран и во Македонија од страна на Бирото за лекови при Министерството за здравство. 8 пациенти од Македонија го примаат лекот за најновата индикација во глобална клиничка студија. Во согласност со определбата на компанијата за иновација во истражување, развој и производство на најсовремените тераписки решенија, Претставништвото на Рош во Македонија ќе продолжи да ги вложува сите напори за да ги направи достапни и до македонските пациентите иновативните лекови на Рош.

Седиштето на компанијата е во Базел, Швајцарија. Roche е лидер на истражувањата фокусирани кон заштита на здравјето, како во полето на фармацијата така и во дијагностиката. Roche е светски најголема биотехнолошка компанија со вистински диференцирани производи во областа на онкологијата, вирусологијата, инфламаторните и метаболни заболувања, како и централниот нервен систем.

Roche е пионер и лидер во онкологијата веќе 50 години. Во 1962 година со регистрирањето на првиот рационално дизајниран хемотераписки лек за рак, 5-Fluorоuracil, Roche го почна својот развој и го поттикна развојот на онколошки лекови во фармацевтската индустрија. Денес, компанијата е лидер во областа, како резултат на 50-те години посветена работа.

Во 2011 год., компанијата Roche имаше над 80,000 вработени во светот и инвестираше над 8 милијарди швајцарски франци во истражувања и развој. Тоа е најголема инвестиција на една компанија во истражување и развој не само во фармацевтската индустрија, туку и воопшто споредено со сите индустриски гранки.

За повеќе информации посетете ја нашата веб странаСите заштитени имиња употребени или споменати во ова соопштение се заштитени со закон.

Референци:

  1. Blackwell K et al Primary results from EMILIA, a phase 3 study of trastuzumab emtansine (TDM1) vs capecitabine (X) and lapatinib (L) in HER2-positive locally advanced or metastatic breast cancer (MBC) previously treated with trastuzumab (T) and a taxane. ASCO 2012 Abstract LBA1.

  2. Ferlay J, et al GLOBOCAN 2008, Cancer Incidence and Mortality Worldwide: IARC Cancer Base No. 10 [Internet]. Lyon, France: International Agency for Research on Cancer; 2010. достапно на 

  3. Wolff A.C et al. American Society of Clinical Oncology/College of American Pathologists Guideline Recommendations for Human Epidermal Growth Factor Receptor 2 Testing in Breast Cancer. Arch Pathol Lab Med 2007: 131.

  4. Slamon D et al. Adjuvant Trastuzumab in HER2-Positive Breast Cancer. N Engl J Med 2011;365:1273-83.

Преземања

Превземете го соопштението pdf

Откриј повеќе

Контактирајте го Одделот за медицински информации

Информациите на веб страницата имаат само информативен карактер и не можат да се сметаат како медицински совет.

КонтактВо светотlinkedinfacebooktwitterinstagramyoutubeCovid-19ЛековиКариераНовостиПерсонализирана здравствена заштитаИзјава за заштита на приватностаПравна изјава