„Рош“ презентираше нови клинички податоци за низа хематолошки болести во тек на двата најголеми настани од областа на хематологија во Европа

„Рош“ неодамна објави дека над 45 абстракти беа презентирани на двата најголеми настани од областа на хематологијата во Европа, 14та Интернационална конференција за малигни лимфоми (ICML) и 22от Конгрес на Европската хематолошка асоцијација (ЕНА). Тие вклучуваат 24 орални презентации и повеќе од 25 постери за лекови и нивни комбинации за претходно одобрени лекови или лекови во фаза на истражување.

Интернационалната конференција за малигни лимфоми е меѓународен стручен настан кој се организира секоја втора година во Лугано, Швајцарија, каде се презентираат нови пронајдоци од истражувањата, откритија во патогенезата на малигните лимфоми и нови лекови за пациентите. Оваа година настанот се одржа од 13-17 јуни и привлече повеќе од 3.500 хематолози од околу 90 земји со широк спектар на суб-специјалности со цел презентација и дискусија на повеќе од стотина абстракти. Стручните и научните презентации ги претставија последните обновени податоци од различни теми со висок интерес кон малигните лимфоми. 

Во тек на Конференцијата беа презентирани и 22 абстракти од кои 13 орални презентации во пленарната сесија и 9 постери со широк спектар на целни терапии и нивни комбинации кои „Рош“ ги истражува кај малигните лимфоми во различни третмански линии. 

Клучните абстракти кои ги претставуваат лековите на „Рош“ и кои беа презентирани можат да се најдат подолу во табелата. 

Конгресот на Европската хематолошка асоцијација е најголем меѓународен хематолошки настан кој се одржува во Европа. Оваа година конгресот се организира по 22 пат во Мадрид, Шпанија од 22-25 јуни и на него присуствуваа повеќе од 10.000 здравствени професионалци од целиот свет од сите хематолошки суб-специјалности во една сеопфатна програма.

На Конгресот беа презентирани и 27 абстракти од кои 11 орални презентации, 15 постери и принтани абстракти за лекови кои Рош и неговите партнери ги истражуваат во малигната хематологија.

Клучните абстракти кои ги претставуваат лековите на „Рош“ и кои беа презентирани можат да се најдат подолу во табелата. 

Пред повеќе од 20 години, „Рош“ започна со развојот на лекови што го менуваат третманот на повеќе хематолошки заболувања. Денес, „Рош“, инвестира повеќе од кога било во обидот да пронајде иновативни третмански опции за луѓето со хематолошки заболувања. Како дополнение на одобрените лекови MabThera (rituximab), Gazyva (obinutuzumab), VenclextaТМ (venetoclax) во соработка на Abbvie, во „Рош“ се работи на подготовка на потенцијални хематолошки лекови, кои вклучуваат  anti-PDL1 Tecentriq (atezolizumab), антитело-лек конјугат anti-CD79b  (polatuzumab vedotin/RG7596) и мала молекула антагонист на MDM2 (idasanutlin/RG7388). „Рош“ е посветен на откривање на нови молекули не само за третман на хемато-онколошките заболувања туку и за третман на хемофилија А, emicizumab ACE910.

„Рош“ е глобален пионер на полето на фармацијата и дијагностиката насочен кон унапредување на науката заради подобрување на животот на луѓето. Обединетите сили на фармацијата и дијагностиката под еден покрив го направија „Рош“ лидер во персонализираната медицина - стратегија чија цел е лекувањето да се приспособи кон секој пациент на најдобар можен начин.

„Рош“ е најголемата биотехнолошка компанија во светот, со вистински диференцирани производи во областа на онкологијата, имунологијата, заразните болести, офталмологијата и болестите на централниот нервен систем. Исто така, „Рош“ е светски лидер за ин-витро дијагностика, ткивна канцер-дијагностика и предводник во контролата на дијабетесот.

Основан во 1896 година, „Рош“ и натаму бара подобри начини за спречување, дијагностицирање и лекување на болестите, и дава одржлив придонес кон општеството. Компанијата е насочена и кон подобрување на пристапот на пациентите до медицински иновации, преку соработка со сите релевантни чинители. Дваесет и девет лекови развиени од „Рош“ се вклучени во модел-листите со основни (есенцијални) лекови на Светската здравствена организација, меѓу кои и антибиотици за спасување на животот, антималарици и лекови против рак. Осум години по ред, во Индексите за одржливост на Dow Jones (DJSI), „Рош“ е потврден како лидер на групацијата во смисла на одржливост, во рамките на индустријата за лекови, биотехнологија и природните науки.

Групацијата „Рош“ со седиште во Базел, Швајцарија, е активна во повеќе од 100 земји и во текот на 2016 година бројот на вработените беше 94.000 луѓе ширум светот. Во 2016 година, „Рош“ инвестираше 9,9 милијарди швајцарски франци во истражување и развој и прикажа продажба од 50,6 милијарди швајцарски франци. Genentech, во Соединетите Американски Држави, е членка во целосна сопственост на групацијата „Рош“. „Рош“ е мнозински акционер на Chugai Pharmaceuticals, Јапонија.

За повеќе информации, Ве молиме посетете ја страницатаСите заштитени имиња употребени или споменати во ова соопштение се заштитени со закон. 

Откриј повеќе

Превземете го соопштениетоICML 2017EHA 2017

Откриј повеќе

Hematological Oncology Vol.35, Issue Supp. S2 р.1–466EHA Abstracts OnlinePoster Session Online

Информациите на веб страницата имаат само информативен карактер и не можат да се сметаат како медицински совет.

КонтактВо светотlinkedinfacebooktwitterinstagramyoutubeCovid-19ЛековиКариераНовостиПерсонализирана здравствена заштитаИзјава за заштита на приватностаПравна изјава