Втора здравствена конференција „Поглед во иднината за нашиот здравствен систем“

И оваа година Американската стопанска комора во Северна Македонија (АмЧам) организираше конференција за здравство со наслов „Поглед кон иднината на нашиот здравствен систем“, која се одржа на 8 ноември 2023 година. Рош Македонија, како активен член на АмЧам и претседавач со комитетот за здравство, беше главен партнер на конференцијата и даде суштински придонес во целокупната организација на настанот.

Успеавме да ја исполниме зацртаната цел - да собереме на едно место околу 150 креатори на политики и чинители во здравството, да имаме одлични говорници, да отвориме дискусии базирани на факти и податоци, да покажеме дека приватниот сектор е сериозен партнер на здравствениот систем!

Конференцијата ја отвори Александра Ивановска, Генерален директор на Рош Македонија и Косово, во својство на претседател на комитетот за здравство на АмЧам, по што следуваше обраќање на Боги Елиасен, кој се осврна на елементите за одржлив здравствен систем. Една од клучните поенти е дека здравството е инвестиција, а не трошок за државата.

Конференцијата опфати три важни теми за здравствената политика:

  • Пристап до иновативни лекови. Проф. Марцин Чек презентираше податоци оданкетата, и од анализа на IQVIA за достапност до лекови во државава споредбено со референтните земји и лековите одобрени од ЕМА, според кои Македонија значително заостанува, а од лековите кои се покриени од државниот буџет само 33% се на позитивната листа. Во дискусијата фокусот беше ставен на потребата од итно обновување на позитивната листа на лекови, процес што веќе е во тек.

  • Секундарно користење на здравствени податоци. Марк Бојд од ОДИ презентирашена Open Data Institute за политиките во државите од Западен Балкан, кој е изработен на иницијатива и со поддршка на Рош. Македонија има солидна основа, но треба подобро да се искористи потенцијалот на постоечките податоци, како што се тие во МојТермин, и да се овозможи пошироко јавно користење на здравствени податоци за креирање политики и други секундарни цели.

  • Иднината на Македонскиот здравствен систем. Во пресрет на парламентарните избори наредната година, на оваа тема дискутираа претставници на четирите најголеми политички партии - Алијанса на Албанците, ВМРО - ДПМНЕ, ДУИ и СДСМ. Ги претставија приоритетите на нивните партии за наредниот период. Како важни точки провејуваат финансирањето, дигитализацијата, создавање на ефикасен систем базиран на добро планирање на ресурсите, важноста на превентивата.

Во Рош веруваме дека секоја мерка и политика во здравството треба да се креира врз основа на докази и податоци, во процес во кој се вклучени приватниот сектор и сите други чинители, и да го има како крајна цел интересот на пациентот. Поаѓајќи од оваа стратешка определба, остануваме посветени на продолжување на дијалогот кој започна на конференцијата и реализација на конкретни активности на поддршка за здравствениот систем.

Повеќе информации прочитајте на

Основана во 1896 година во Базел, Швајцарија, како еден од првите индустриски производители на брендирани лекови, „Рош“ прерасна во најголемата светска биотехнолошка компанија и глобален лидер во ин-витро дијагностика. Компанијата се стреми кон научна извонредност за откривање и развој на лекови и дијагностика за подобрување и спасување на животите на луѓето ширум светот. Ние сме пионери во персонализираната здравствена заштита и сакаме дополнително да го трансформираме начинот на кој се обезбедува здравствената заштита за да има уште поголемо влијание. За да обезбедиме најдобра грижа за секоја личност, ние соработуваме со многу засегнати страни и ги комбинираме нашите силни страни во дијагностика и фармација со податоци од клиничката пракса.

Препознавајќи го нашиот напор да продолжиме со долгорочна перспектива во сè што правиме, Рош е прогласен за една од најодржливите компании во фармацевтската индустрија од страна на Индексите за одржливост на Dow Jones тринаесетта последователна година. Оваа разлика, исто така, ги одразува нашите напори за подобрување на пристапот до здравствена заштита заедно со локалните партнери во секоја земја во која работиме.

Genentech, во Соединетите Американски Држави, е членка во целосна сопственост на групацијата „Рош“. „Рош“ е мнозински акционер на Chugai Pharmaceuticals, Јапонија.

За повеќе информации, посетете ја веб страницата 

Информациите на веб страницата имаат само информативен карактер и не можат да се сметаат како медицински совет.

КонтактВо светотlinkedinfacebooktwitterinstagramyoutubeCovid-19ЛековиКариераНовостиПерсонализирана здравствена заштитаИзјава за заштита на приватностаПравна изјава