Ние сме посветени на подобрување на животот од основањето на компанијата во 1896 година во Базел, Швајцарија. Денес, Рош создава иновативни лекови и дијагностички тестови кои им помагаат на милиони пациенти на глобално ниво.
Рош беш е една од првите компании која откри целни третмани за пациентите. Со нашата комбинирана сила во фармацевтски производи и дијагностика, ние сме подобро опремени од било која друга компанија за понатамошно управување со персонализираната здравствена заштита. Две третини од нашите проекти за истражување и развој се развиваат со придружна дијагностика.
Ние сме светски број 1 во биотехнологија со 14 биофармацевтски производи на пазарот. Над половина од молекулите во развој се биофармацевтски производи, што ни овозможува да испорачаме подобри целни терапии.
Ние сме лидери во истражувањето и лекувањето на малигните болести повеќе од 50 години, со лекови за карцином на дојка, кожа, дебело црево, јајници, бели дробови и бројни други малигни болести.
Ние им нудиме на лекарите исцрпни информации за да ги водат третманите и да одговорат на повеќе прашања на пациентите од која било друга компанија. Нашите тестови им овозможуваат на болниците и лабораториите да ги доставуваат тие информации брзо и сигурно.
Инвестираме околу 9 милијарди швајцарски франци во истражување и развој секоја година, бидејќи иновацијата е во нашата срж. Ова е меѓу највисоките инвестиции во истражување и развој во светот во сите индустрии.
Ние сме сила од над 98.000 луѓе кои работат заедно во повеќе од 150 земји. Рош постојано е рангиран како најдобар избор на работодавач од страна на своите вработени и од надворешни институции.
Долги години по ред сме признати од Индексите на одржливост на Dow Jones како лидер во одржливоста во рамките на нашата индустрија.
Компанијата Рош е присутна во Република Северна Македонија од 1999 година, најпрво како претставништво, а од 2013 година како независна компанија, Рош Македонија ДООЕЛ Скопје со седиште во Скопје.
Денес, компанијата Рош Македонија ДООЕЛ Скопје е една од водечките фармацевтски компании во нашата држава, настојувајќи да им обезбеди на пациентите пристап до иновативни терапевтски опции и персонализиран третман преку обезбедување на соодветни дијагностички процедури и лекови од областа на онкологија, неврологија, хемофилија, ретки болести, ревматологија, вирусологија и други.
Како партнер на здравствениот систем, Рош се обидува да обезбеди најдобри иновативни решенија за дијагностика и третман преку партнерства и соработка со доктори, фармацевти и други здравствени работници, здравствени власти и установи, професионални здруженија и здруженија на пациенти.
Покрај поддршката на здравствениот систем, кој е примарен фокус на компанијата, Рош во последните години покажа ново ниво на иницијатива и активност во деловната заедница во Република Северна Македонија даваjќи значаен придонес за подобро разбирање на важноста на оваа индустрија во подобрување на квалитетот на грижата за пациентите и општите стандарди за третман.
Управа
Оддел за финансии
Оддел за маркетинг и продажба
Медицински оддел
Оддел за пристап на пазари и стратешко планирање
Како на глобално ниво, така и во Македонија нашите активности се насочени кон обезбедување на најсовремени иновативни тераписки решенија за доброто на пациентите.
Ова пред сé се однесува на пациентите кои имаат потреба од соодветна терапија во областа на:
ревматологија
Групацијата „Рош“ со седиште во Базел, Швајцарија, е активна во повеќе од 100 земји. Во 2019 година бројот на вработените беше повеќе од 98.000 луѓе ширум светот.
„Рош“ има пионерска улога во здравствениот сектор. Како иноватор на лекови и дијагностика за рана детекција, превенција, дијагноза и третман на голем број болести, ние придонесуваме на повеќе фронтови за подобрување на здравјето и квалитетот на животот на луѓето. „Рош“ ги обезбеди првите лекови кои се посебно прилагодени на одредени групи пациенти.
Нашата мисија, сега и во иднина, е да создадеме додадена вредност во здравствената заштита преку фокусирање на нашите сознанија и истражувања во дијагностиката и во фармацијата.
„Рош“ вложува многу инвестиции во истражувањето и развојот на нови лекови и дијагностички решенија. Своите истражувања низ целиот свет ги надополнува со многубројните договори за соработка со светски признати универзитети, истражувачки институти и биотехнолошки компании. Како најголема светска биотехнолошка компанија ние ги користиме најновите откритија и најсовремените технологии за развој на нашите производи. Заедно со нашите партнери го преточуваме мноштвото идеи во медицинските иновативни решенија.
Наш приоритет е да одговориме на потребите на модерната медицина, да направиме чекор напред во лекувањето на пациентите преку откривање и производство на иновативни лекови кои ќе имаат висока ефикасност, безбедност а и фармакоекономска оправданост. Наш фокус не е само дијагностика и третман на симптомите на болеста, туку да примените пристап на лекување давајќи многу повеќе можности за идентификување и лекување на болеста во рана фаза, кога нејзините деструктивни ефекти се уште можат да се спречат.
Поради тоа инвестираме во откривање и развој на нови молекули кои ќе направат разлика во животот на пациентите. Во 2019 година, инвестиравме околу 11,7 милијарди швајцарски франци во истражување и развој, и ќе продолжиме со исто темпо и во иднина, бидејќи потребата за нови, иновативни лекови е поголема од било кога.
„Рош“ е најголемата биотехнолошка компанија во светот, со вистински диференцирани производи во областа на онкологијата, имунологијата, заразните болести, офталмологијата и болестите на централниот нервен систем. Исто така, „Рош“ е светски лидер за ин-витро дијагностика, ткивна канцер-дијагностика и предводник во контролата на дијабетесот.
Ние во „Рош“ сме посветени на исполнувањето на највисоките етички стандарди, а се придржуваме и до сите важечки национални и интернационални закони на секое поле на деловната соработка. Нашите етички стандарди се дел од нашите
„Рош“ е глобален пионер на полето на фармацијата и дијагностиката насочен кон унапредување на науката заради подобрување на животот на луѓето.
Обединетите сили на фармацијата и дијагностиката под еден покрив го направија „Рош“ лидер во персонализираната медицина - стратегија чија цел е лекувањето да се приспособи кон секој пациент на најдобар можен начин.
„Рош“ е најголемата биотехнолошка компанија во светот, со вистински диференцирани производи во областа на онкологијата, имунологијата, заразните болести, офталмологијата и болестите на централниот нервен систем. Исто така, „Рош“ е светски лидер за ин-витро дијагностика, ткивна канцер-дијагностика и предводник во контролата на дијабетесот.
Основан во 1896 година, „Рош“ и натаму бара подобри начини за спречување, дијагностицирање и лекување на болестите, и дава одржлив придонес кон општеството. Компанијата е насочена и кон подобрување на пристапот на пациентите до медицински иновации, преку соработка со сите релевантни чинители. Триесет лекови развиени од „Рош“ се вклучени во модел-листите со основни (есенцијални) лекови на Светската здравствена организација, меѓу кои и антибиотици за спасување на животот, антималарици и лекови против рак. Повеќе од десет години по ред, во Индексите за одржливост на Dow Jones (DJSI), „Рош“ е потврден како лидер на групацијата во смисла на одржливост, во рамките на индустријата за лекови, биотехнологија и природните науки.
Групацијата „Рош“ со седиште во Базел, Швајцарија, е активна во повеќе од 100 земји. Во 2020 година бројот на вработените беше повеќе од 100.000 луѓе ширум светот. Во 2020 година, „Рош“ инвестираше 12,2 милијарди швајцарски франци во истражување и развој и прикажа продажба од 58,3 милијарди швајцарски франци. Genentech, во Соединетите Американски Држави, е членка во целосна сопственост на групацијата „Рош“. „Рош“ е мнозински акционер на Chugai Pharmaceuticals, Јапонија.
За повеќе информации:
Веруваме дека е важно да се обезбедат медицински решенија брзо, токму сега - додека развиваме иновации за иднината.
Водени сме од искрената желба да го подобриме квалитетот на живот на пациентите.
Затоа сме смели во донесувањето одлуки и во работењето. Веруваме дека добро работење значи подобар свет.
Поради тоа доаѓаме секој ден на работа. Ние се обврзуваме на научна сериозност и бескомпромисна, неповредлива етика со цел овозможување на пристап до медицинската иновација за сите во најскоро време. Денеска работиме за да изградиме подобро утре.
Горди сме на себе, на нашата работа и на нашиот начин на работа. Не има многу, но сите работиме како едно, на различни работни места, на различни локации, низ целиот свет.
Ние сме Рош.
Информациите на веб страницата имаат само информативен карактер и не можат да се сметаат како медицински совет.