Нашата цел е да го направиме денес она што на пациентите ќе им треба во иднина. Начинот на којшто ги идентификуваме и ги исполнуваме тие потреби – она што го правиме секој ден – мора да биде одржлив доколку сакаме да успееме. Токму затоа одржливоста е вградена во нашата деловна стратегија и е дел од секого во Рош.
Нашиот пристап е холистички и ги интегрира трите димензии на одржливоста.
Општество: начинот на којшто придонесуваме за подобро утре за сите
Животна средина: начинот на којшто го минимизираме нашето влијание врз природата
Економија: начинот на којшто инвестираме во медицински напредок, создаваме работни места и обезбедуваме егзистенција
Дополнително, одговорноста и правилното управување се од суштинско значење за да се одржи довербата и да се исполни нашата цел. Ние ги мериме нашите перформанси за одржливост според нашите временски огран ичени цели, јавно известуваме со цел да обезбедиме промовирање на транспарентноста и подобрување на нашата работа секаде каде што работиме.
Транспарентноста и отчетноста се од суштинско значење за одржување на довербата и за исполнување на нашата цел. Нашите резултати од одржливоста ги мериме според нашите временски ограничени цели, јавно известуваме со цел да обезбедиме промовирање на транспарентноста и подобрување на нашата работа секаде каде што работиме.
Одржливоста е интегрирана во корпоративната визија, вредностите, стандардите за работа и упатствата на Рош. Овој пристап значи дека ниту еден оддел не е одговорен за управување со одржливоста. Наместо тоа, сите вработени се поттикнуваат да интегрираат одржливи практики во нивната секојдневна работа.
Информациите на веб страницата имаат само информативен карактер и не можат да се сметаат како медицински совет.