Пациентите се во фокусот на сето она што го правиме. Ние ги разбираме заедниците на пациенти пошироко, за да ги опфатиме сите кои се составен дел од пациентот, вклучувајќи ги групите на пациенти, организациите на пациенти, групите за застапување пациенти, пациентите експерти, индивидуалните пациенти, лицата кои се грижат за пациентите и членовите на семејствата на пациентите. Ова е причината зошто ние соработуваме со нив во секоја фаза од развојот на лекови и пружање на нега.
Улогата на пациентските групи континуирано се надградува и тие сега се пообучени од кога и да било да ја дефинираат здравствената заштита според нивните потреби. Пациентите стануваат сè повеќе вклучени во изборот на третман и нега врз основа на нивните сопствени уникатни искуства и потреби.
Партнерството со пациентите за понатамошно разбирање на нивниот секојдневен живот е од суштинско значење за да се развие начинот на кој гледаме на болестите. Преку соработка навистина можеме да ја
Во Рош, веруваме дека преку тесна соработка со заедницата на пациенти можеме да направиме уште поголеми работи за пациентите. Нашата посветеност на инклузивност на пациентите како компанија не обединува околу силната потреба да ги ставиме пациентите на прво место во срцето на здравствената заштита.
Меѓународната размена на искуства со организациите на пациенти (IEEPO) е навистина заедница предводена од пациентите каде преку 1000 претставници на групи на пациенти се решени да ја постигнат оваа цел. IEEPO се стреми, заедниците на пациенти да заземат место на масата со сите засегнати страни и да имаат еднаков глас во здравствениот екосистем и во одлучувањето. IEEPO нуди единствена можност да се здружиме како заедница за да размениме искуства, да најдеме инспирација и да заминеме со практични, значајни и остварливи идеи за подобрување на животот на пациентите и нивните семејства.
Информациите на веб страницата имаат само информативен карактер и не можат да се сметаат како медицински совет.